РАЗМЕНЕТИ ИСКУСТВА И ДОГОВОРЕНА ПОНАТАМОШНАТА СОРАБОТКА
На 24 и 25 март 2011 година во Скопје, во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, се одржаа редовни стручни разговори помеѓу претставниците на македонскиот и словенечкиот орган за врска од областа на пензиското и инвалидско осигурување во врска со примената на Договорот за социјално осигурување склучен помеѓу двете држави.
На разговорите од Фондот на ПИОМ учествуваа: Трајко Премчески, помошник на директорот на Фондот на ПИОМ, шеф на делегацијата, Ниѓар Тоска, советник на директорот, Маргарита Трајкова, координатор, Миневер Шахини, началник на Одделението за спровеудвање на ПИО по меѓународни договори, Јадранка Јовановска, началник во Одделението за матична евиденција, како и вработени во Одделението за спроведување на ПИО по меѓународни договори и од Филијала-Скопје надлежни за примена на Договорот за социјално осигурување со Република Словенија.
Од страна на словенечкиот завод учествуваа: Борис Гачник, директор за остварување на осигурувањето на Заводот за пензиско и инвалидско осигурување на Словенија, шеф на делегацијата, Дарка Хрибар, началник во Одделот за меѓународна соработка и Штефка Штухес, советник во Одделот за меѓународни договори.
На дводневните разговори, двете делегации меѓусебно разменија информации за измените на прописите од областа на пензиското и инвалидско осигурување во државите договорнички, како и информации за организациската поставеност и надлежностите на Фондот и Заводот.
Согласно важечките пензиски прописи, словенечката страна извести за условите за остварување старосна пензија за жени за периодот во 2011 година, и тоа: 57 години старост и 37 години и 6 месеци навршен пензиски стаж, 61 година старост и 20 година навршен пензиски стаж, 63 години старост и 15 години навршен пензиски стаж.
Од страна на словенечката делегација беше истакнато дека врз усогласувањето на пензиите влијае Законот за интервентни одлуки и дека се во очекување на стапување во сила на Законот за социјално осигурителни примања од 01.09.2011 година. Според овој Закон, надлежноста за правото и исплата на осигурителните надоместоци нема да биде во рамките на Заводот за пензиско и инвалидско осигурување на Словенија, туку во центрите за социјална работа, како и тоа дека нема да биде можно ниту остварувањето на правото за државна пензија.
Од двете страни беше заеднички констатирано дека во десетгодишниот период на спроведување на Договорот постоеше одлична соработка и дека во однос на спроведувањето на истиот немаше посебни проблеми. Исто така, во врска со примената на член 38 од Договорот, се констатира дека во целост се постапува по претходно договорениот начин на органите за врска. На работната средба беа предложени нови начини за постапување во однос на потврдувањето на стажот, а сé со цел скратување на долготрајноста на постапката. Исто така, двете страни се договорија за доследна примена на двојазичните обрасци за примена на Договорот.
Словенечката делегација и предложи на македонската страна, во иднина, податоците за исплатените пензии да се испраќаат по електронски пат или по електронска пошта, а предлогот беше со задоволство прифатен од македонската делегација и потоа двете страни разменија податоци за лица за контакт.
Во текот на разговорите беа разменети согледувања за поединечни ургентни предмети за кои двете страни се обврзаа дека ќе обезбедат што е можно побрзо доставување на бараните податоци, односно документи.
На крајот, двете делегации изразија задоволство од постигнатите резултати во разговорите кои се одвиваа во работна и пријателска атмосфера, при што македонската страна се заблагодари на поканата од словенечката страна идните разговори по две години да се одржат во Република Словенија.