Трите средби со странски претставници придонесоа да се разјаснат и остварат значајни прашања од соработката
Како што е познато, Фондот на ПИОМ последниве години разви широка и мошне плодна меѓународна соработка. Тоа, пред сè, се огледа во веќе потпишаните билатерални договори за разрешувањето на прашањата со пензискиот систем и создавање услови да нема бариери за нашите работници и признавањето на нивниот работен стаж остварен во било која странска земја и обратно, работен стаж во нашата Република.
Дека е ова потврда на нашата пензиска политика, најдобро може да се види од веќе воспоставената билатерална соработка во оваа година.
Така, на 26 и 27 февруари 2013 год., во Минхен, СР Германија, се одржаа советодавни денови меѓу претставниците на Фондот на ПИОМ и Германскиот носител на социјално осигурување.
Од нашиот Фонд на деновите учествуваа: Ниѓар Тоска, советник, Дашурие Абдулаи, началник на Одделението за меѓународни договори, Билјана Стојанова, контролор во Одделението за меѓународни договори и Шејла Рамадани, референт за решавање на правата при примена на меѓународните договори.
Во работниот дел на деновите, најчесто поставувани прашања беа: кои се условите за остварување право на старосна, инвалидска и семејна пензија според Законот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, потоа која е потребната документација при поднесување на барање за остварување на пензија, потребна документација при поднесување на барање за потврдување на стаж во Македонија, како и податоци во врска со висината на пензијата, податоци за стажот остварен во Македонија, која е постапката за утврдување на стажот, местото на поднесување на барањето и трансферот на македонската пензија во Германија.
Ова е трета средба од ваков вид со германскиот орган за социјално осигурување. Првите две средби беа одржани во Скопје во 2011 и 2012 година.
Двете страни се согласија вакви средби да се одржуваат во иднина, и тоа два пати годишно во Македонија и во Германија, со тоа што следната средба ќе се одржи во Република Македонија на крајот на септември или почетокот на октомври, 2013 год.
Германскиот носител на социјалното осигурување предложи одржување на средба и на ниво на органи за врска кои, исто така, треба да се одржуваат во Република Македонија.
Од 11 до 13 март 2013 год., во Скопје, се одржа третиот круг на преговори меѓу македонската и албанската делегација, на кои продолжи разгледувањето на нацрт-текстот на Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Албанија.
На овие преговори, од Фондот на ПИОМ учествуваа: Ниѓар Тоска, советник на директорот на ФПИОМ и Милица Симоноска, координатор во Одделението за меѓународни договори.
За време на преговорите се дискутираше по отворените прашања од Договорот од вториот круг на преговори, при што се постигна согласност, македонската делегација да подготви нацрт-текст на Административна спогодба за спроведување на договорот и обрасци и истите да се достават до соодветните органи.
На следната средба која на предлог на албанската делегација ќе биде дополнително утврдена, ќе се продолжи со разгледување на нацрт-текстот на Административната спогодба.
На 22 мај 2013 год., во Фондот на ПИОМ, се одржа состанок меѓу претставниците на Фондот на ПИОМ и Холандскиот носител за социјално осигурување Sociale Verzekeringsbank (SVB) за примена на Договорот за социјално осигурување меѓу македонската влада и Владата на Кралството на Холандија, а беа разгледувани и нацрт-двојазичните обрасци за примена на Договорот.
Учесници од Фондот на ПИОМ беа: Трајко Премчески, помошник директор на Секторот за остварување на правата од пензиско и инвалидско осигурување и меѓународните договори и шеф на делегацијата, Ниѓар Тоска, советник, Милица Симоноска, координатор во Одделението за меѓународни договори, Дашурие Абдулаи, началник на Одделението за меѓународни договори и Шејла Рамадани, референт за решавање на правата при примена на меѓународните договори.
Во текот на состанокот, двете страни поопширно објаснија за своите национални прописи од областа на пензиското и инвалидско осигурување.
Холандската делегација ја извести македонската делегација за извршената анкета на корисниците на холандска пензија кои живеат во Република Македонија.
Исто така, беа одредени и лица за контакт од страна на двете институции, се постигна согласност да се разменат податоци за лицата корисници на македонска пензија кои живеат во Кралството Холандија и обратно за лица корисници на холандска пензија кои живеат во Република Македонија.
Во врска со примената на новите обрасци, се постигна согласност двете страни по електронски пат да одредат заеднички датум од кога новите двојазични обрасци ќе почнат да се применуваат.
Холандската страна изрази посебно задоволство и благодарност за состанокот.
Разговорите се водеа во пријателска и срдечна атмосфера на взаемна доверба и соработка.