• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Македонија – домаќин на регионалната средба на директорите на фондовите за ПИО на поранешните ЈУ – Републики

IMG_2134____554709387ЗАБРЗУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ПЕНЗИЈА

По повод одржувањето на Третата средба на директорите на фондовите за пензиско и инвалидско осигурување од државите настанати на територијата на поранешна СФРЈ, на 8 ноември годинава беше одржана Конференција за медиуми. Пред новинарите зборуваше министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, кој меѓудругото потенцира дека ваквите средби се од исклучителна важност, со оглед на тоа што сите држави се соочуваат со слични проблеми, особено имајќи предвид дека нивните пензиски системи се излезени од еден систем.
На конференцијата за новинари зборуваше и Беким Незири, директор на Фондот на ПИОМ, кој меѓудругото, истакна дека заедничка цел е создавањето услови за електронска размена и обработка на податоците меѓу носителите на пензиското и инвалидско осигурување, со што ќе се овозможи навремено, односно во многу краток временски рок, остварување на правата од ПИО за осигурениците кои имаат работен стаж во овие држави. Покрај ова, ќе се намали неоснованата исплата на пензии на починатите лица, а ќе се спречи и одливот на средствата, со што ќе се придонесе кон подобрување на финансиската ликвидност на фондовите, нагласи тој.
И покрај тоа, што Република Македонија има потпишано договори и на државно ниво и на ниво на институции, директорот Незири нагласи дека тие не секогаш се имплементираат во реалноста, и пред се, поради човечкиот фактор. Така, се уште не е надминат проблемот со долготрајноста на постапката за утврдување на стаж, а посебен проблем претставува непотврдувањето на стажот на територијата на Косово.
На крај, директорот Беким Незири, рече дека средбата ќе резултира со успешна заедничка стратегија, и ќе придонесе во разрешувањето на постојните проблеми.