Талин, Естонија 04-06 мај 2022 година
На покана на Националниот одбор за социјално осигурување на Естонија, Меѓународното друштво за социјално осигурување (ISSA) на 4-6 мај 2022 година ја организира својата 16-та меѓународна конференција за информатичка и комуникациска технологија за социјалното осигурување (ИКТ 2022) во Талин, Естонија.
На Конференцијата Фондот на ПИОСМ го претставуваат директорот Дритан Беџети и заменик директорот Шаип Зенели.
Фокусирајќи се на темата „Дигиталната трансформација за социјално осигурување адаптирана и насочена кон луѓето“, овој настан од светска класа, кој се одржува само еднаш на секои три години, е единствена можност да се анализираат и дискутираат можностите и предизвиците поврзани со управувањето со информатичката и комуникациската технологија (ИКТ) во социјалната област.
На конференцијата ќе учествуваат над 400 менаџери и експерти од институции за социјално осигурување и меѓународни организации. Овој уникатен настан е единствениот глобален собир за носителите на одлуки за социјално осигурување.
Програмата ќе содржи презентации на случаи, тркалезни маси на лидери, директни искуства и дебати на пленарни и интерактивни групни сесии.
Важноста на меѓуинституционалната соработка и партнерства како и стратегиите за подобрување на дигиталната вклученост на сите клиенти ќе бидат главниот фокус на овие дискусии овие два дена.
Директорот Дритан Беџети денеска на отворањето на конференцијата ја презентираше работата и последните реформи во дигиталната сфера во Фондот за пензиско и инвалидско осигуравање на Северна Македонија, додека заменик директорот Шаип Зенели одговараше на прашањата на другите членови на институциите кои учествуваат на конференција.