В.д. директорот на Фондот Арсим Хасани, ги покани на неформален состанок вработените во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, кои оваа година исполнија 30 и 40 години непрекинат стаж во оваа институција, на кој лично им ги врачи решенијата за јубилејните награди и изрази голема благодарност за нивната долгогодишна работа и залагање во интерес на унапредување на институцијата.
„Вие, кои долги години придонесувате за успешноста, функционирањето и развивањето низ годините, сте значајна алка во Фондот и заслужувате почит и пофалби од сите нас”, истакна в.д. директорот Арсим Хасани.
Исто така, и вработените – добитници на јубилејните награди, изразија голема благодарност до директорот за убавиот гест, со што се чувствуваат уважени и мотивирани за натамошната соработка.
За време на состанокот, од присутните се разменуваа искуства од нивната долгогодишна работа, а се дискутираше и за предлозите и мислењата преку конструктивни сугестии, комуникација, заедничка работа и дејствување, дружење, сѐ со цел постигнување и реализирање на дадените задачи и обврските за подобро и поефикасно работење на Фондот.
На крај, директорот нагласи дека е потребно да се дејствува заеднички и тимски, сѐ со цел институцијата успешно да напредува.