Министерство за труд и социјална политика ги повикува заинтересираните лица корисници на пензија да се јават за користење на услугата Бесплатен туристички викенд за корисници на пензија за 2015 година.
Oваа услуга може да ја користат лица – корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и одредбите од договорите за социјално осигурување коишто Република Македонија ги применува, а коишто живеат на територија на Република Македонија и правото на пензија го стекнале заклучно со декември 2014 година.
Услугата може да се користи еднаш, во период од април до ноември 2015 година, во траење од 3 дена и опфаќа:
– 2 полни пансиони (2 ноќевања со три оброка дневно), односно пристигнување во петок попладне, а заминување недела попладне,и
– автобуски превоз до хотелскиот објект.
Хотелските објекти во кои ќе бидат упатувани корисниците на пензија се наоѓаат во следните градови, односно места: Охрид, Струга, Дојран, Крушево, Преспа и Берово.
Лицата корисници на пензија коишто користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност или слепило имаат право на придружник за време на бањско климатската рекреација.
Одобрениот термин за користење на услугата не може да се менува, освен доколку постои спреченост поради болест.
Потребни документи коишто корисникот на пензија треба да ги достави за користење на услугата:
За користење на услугата Бесплатен туристички викенд за корисници на пензија за 2015 година потребно е да се поднесе барање до подрачната единица на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, според местото на живеење на корисникот на пензија. Барањето го издава филијалата на Фондот.
Во барањето корисникот на пензија може да се определи да ја користи услугата Бесплатен туристички викенд за корисници на пензија за 2015 година или услугата Бањско климатска рекреација за корисници на пензија за 2015 година.
Доколку корисникот на пензија користи и дел од пензија којашто се исплатува од друга држава, задолжително треба да се достави и потврда/чек од банката за месечниот износ на пензијата.
При рангирањето на поднесените барања, приоритет ќе биде даден на пензионерите кои пред пензионирањето работеле во рудници со подземен ископ, и на пензионерите кои се корисници на инвалидска пензија со утврден повисок процент на инвалидност.
Барањата ќе можат да се поднесат до 16 февруари 2015 година
По завршување на постапката Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, задолжително писмено ќе го известат подносителот на барањето за хотелскиот објект во кој ќе биде упатен и периодот на користењето на услугата.
Списоците на корисниците на пензија на коишто им е одобрено користење на услугата за Бесплатен туристички викенд за корисници на пензија ќе бидат објавени во Филијалите на Фондот, како и на web страната на Министерството за труд и социјална политика www.mtsp.gov.mk и на web страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија piom.com.mk.
Напомнуваме дека лицата–корисници на пензија коишто во 2014 година добиле право да ja користат услугата од проектот Бањско климатска рекреација не може да ја користат услугата Бесплатен туристички викенд за корисници на пензија за 2015 година.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА