На 1 ноември 2011 година стапи на сила Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Канада. Ова е втор Договор кој Република Македонија го применува со прекуокеанска држава (истиот е објавен во Службен весник на Република Македонија, бр. 19/10).
Договорот ќе се применува само на давања од пензиското и инвалидско осигурување на двете држави, што значи дека нема да ги опфаќа останатите области од социјалното осигурување, здравственото осигурување, давањата за невработеност и додатокот за деца кои вообичаено се карактеристични за европските договори за социјално осигурување.
Македонско–канадскиот договор за социјално осигурување е заснован на општоприфатените принципи и норми на меѓународното право: еднакво третирање на граѓаните, рамноправност на териториите, гарантирањето на остварените права, собирањето на пензиските стажеви навршени според прописите на двете држави, при остварување право на пензија и гарантирањето на исплатата на остварените пензии ако корисникот живее на територија на другата држава договорничка.
Договорот ќе се применува на сите лица кои што во Република Македонија или во Канада навршиле периоди на осигурување или престој кои се земаат во предвид при остварувањето на правото на пензија согласно со прописите на Македонија и/или Канада, кои што се однесуваат на остварувањето на правото на самостојна пензија. Посебно е значајно дека со Договорот се уредува собирањето на периоди на осигурување навршени во двете држави со што се овозможува лицето да оствари право на пензија доколку не ги исполнува условите за самостојна пензија според националните прописи на едната држава договорничка.
Со примена на Договорот е овозможено стекнување на сите видови пензии: старосна, инвалидска и семејна пензија, согласно македонските и канадските прописи на пензиското и инвалидското осигурување.
Канадскиот пензиски систем се состои од: Законот за старосно осигурување и Пензискиот план на Канада.
Врз основа на Законот за старосно осигурување се остварува старосна пензија од составот на национални пензии и се финансира по пат на даноци од државниот буџет, и не се плаќаат придонеси за пензиското и инвалидското осигурување.
Важно е да се нагласи дека пензијата од старосното осигурување е заснована единствено на возраста и на престојот во Канада.
Што се однесува до условите за остварувањето на право на старосна пензија според овој закон се: 65 години живот (мажи и жени) и 10 години престој во Канада после навршените 18 години живот.
Македонско-канадскиот договор за социјално осигурување предвидува собирање на периодите на престој навршени во Канада со периодите на пензиски стаж навршен во Македонија за стекнување на минималниот услов од 10 години на престој во Канада за право на канадска општа старосна пензија.
Врз основа на Законот за старосно осигурување може да се оствари и право на семејна пензија и тоа, вдовиците и вдовците со навршени помеѓу 60 и 64 години живот, под услов надживеаниот сопруг-а да престојувал во Канада во траење од 10 години после навршени 18 години возраст. Доколку нема 10 години престој според Договорот, правото може да се оствари со собирање на стажот навршен во Македонија.
Според канадските прописи семејната пензија се трансформира во старосна пензија со навршување на 65 години живот.
Пензиски план пак, на Канада како состав на социјалното осигурување ги уредува пензиите на вработените лица и лицата кои вршат самостојна дејност врз основа на уплатени придонеси, во зависност од остварените приходи. Со овој пензиски план се опфатени сите лица кои престојуваат во Канада (освен провинцијата Квебек кој има сопствен план), сите вработени лица и лицата кои вршат самостојна дејност .
Се финансира од придонесот кој го плаќаат вработените лица и работодавците, државата на никаков начин не учествува во финансирање на овој систем. Пензискиот план на Канада се применува од јануари 1966 година.
Според овој план може да се оствари: старосна, инвалидска и семејна пензија.
Според Пензискиот план на Канада право на старосна пензија се стекнува: со 60 години живот и една година стаж на осигурување (платен придонес во Пензискиот план на Канада).
Услов за остварувањето на инвалидска пензија според овој план е навршен стаж, односно уплатени придонеси во Пензискиот план на Канада или во системот за социјално осигурување на Република Македонија во траење од 4 години во последните 6 години пред настапувањето на инвалидноста.
Според одредбите на Пензискиот план на Канада, инвалидноста е дефинирана како физичка или ментална неспособност за работа која е сериозна и долготрајна.
Семејната пензија според канадскиот пензиски план се стекнува под услов умрениот осигуреник да навршил помалку од 10 години стаж на осигурување.
Лица кои стекнуваат право на семејна пензија се: вдовица, вдовец, вонбрачен другар (партнер) од различен или ист пол и дете на починатиот осигуреник (тука се подразбира и посвоено дете).
Вдовицата/ецот има право на семејна пензија ако: до смртта на брачниот другар или вонбрачниот другар (партнер) наполнила/л 35 години живот и до смртта на брачниот/вонбрачниот другар сеуште не наполнила 35 години живот, но е инвалид или издржува дете.
Според важечките кандски прописи вонбрачниот другар /патрнер има право на семејна пензија доколку со осигуреникот живеел најмалну една година.
Според Договорот сите пензии ќе се исплатуваат во Република Македонија, непосредно на корисниците на пензија.