Со измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидско осигурување, објавени во Сл. Весник на Р.Македонија бр. 113/2014 година, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија според член 207-а ја спроведе обврската околу начинот на информираност на осигурениците во врска со податоците за стажот на осигурување и платите.
Имено Фондот изготвува Преглед со податоци од матичната евиденција на осигурениците за секој осигуреник кој е пријавен во задолжително социјално осигурување два пати годишно и најдоцна до 15 февруари и најдоцна до 15 јули секоја година.
Прегледот ги содржи следните податоци: податоци за пријави и одјави од осигурување, податоци за пензиски стаж, податоци за периоди на осигурување, податоци за часови на работа, односно осигурување, податоци за стаж на осигурување кој се смета со зголемено траење, податоци за навршени периоди на осигурување навршени во друга држава.
Прегледот на податоци на осигурениците, Фондот има обврска да го достави до обврзникот за пријавување на податоци, односно работодавачот, самовработеното лице или индивидуалниот земјоделец во хартиена или електронска форма согласно прописите со кои се уредува заштитата на личните податоци.
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување во февруари го заврши првиот циклус на доставување на Прегледи на регистрирани податоци за стаж и плата, а во моментот го започнува вториот циклус на доставување на Прегледи со регистрирани податоци за стаж и плата до фирмите преку е-маил пораки. Адресите се преземени како и за првиот циклус, од Централен Регистер на Р.Македонија.
При тоа треба самите фирми/обврзници да ја проверат точноста на е-маил адресата пријавена во ЦРМ, особено ако не ги добиле Прегледите од првиот циклус.
Доколку има промени или неточности, истите треба да ги регулираат со ЦРМ и при тоа ФПИОМ да го известат службено, за извршената промена.