Се повикуваат сите пензионери кои се заинтересирани за овогодишното бањско-климатско лекување, да поднесат документи од 16 јануари до 15 февруари. Оние пензионери што еднаш веќе ја користеле оваа можност, не треба да аплицираат за оваа година
На 14 јануари 2012 год., во Министерството за труд и социјална политика се одржа прес-конференција за Проектот „Бањско-климатска рекреација на корисниците на пензија за 2012 година“, на која присуствуваа и пред новинарите зборуваа министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, директорот на Фондот на ПИОМ, Беким Незири и претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, Драги Аргировски.
Најнапред пред новинарите свое обраќање имаше министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, кој објасни дека, во рамките на програмските активности за обезбедување на социјална заштита и сигурност на старите лица во 2012 година, Владата на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика и оваа година продолжуваат со реализација на Проектот за бањско-климатска рекреација на корисниците на пензија.
– За реализација на овој проект годинава, обезбедени се средства со Буџетот на Република Македонија и зависно од интересот што ќе биде покажан, постои можност од дополнително проширување на опфатот на пензионери. Сакам да потенцирам дека лицата–корисници на пензија кои во 2010 и 2011 год. користеле бањско-климатска рекреација, не може оваа услуга да ја користат и во 2012 година, рече министерот Спиро Ристовски.
Во понатамошното свое излагање, тој посочи на условите за користење на услугата за бањско-климатска рекреација, согласно кои, истата може да ја користат корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и прописите на други држави со кои Република Македонија има склучено Договор за социјално осигурување, а кои ова право го стекнале заклучно со октомври 2011 година. Услугата може да се користи еднаш, во период од 19 март до 30 ноември 2012 година, во траење од 7 дена, и истата опфаќа 6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно), бањска терапија, еден задолжителен здравствен преглед и трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта од местото на живеење на корисникот до установата во која ќе се користи услугата на бањско-климатската рекреација.
И оваа година, подвлече министерот Ристовски, услугата за бањско-климатска рекреација се остварува со правни лица регистрирани за вршење на услуга за бањско-климатско лекување, со кои Министерството за труд и социјална политика ќе склучи договор како и во претходните години, и тоа со: Здравствената установа-природно лекувалиште “Негорски бањи“ АД Негорци, Гевгелија, Друштвото за бањски туризам и телесна рехабилитација “Дебарски бањи Цапа“ АД Дебар, Друштвото за физикална медицина и специјализирана медицинска рехабилитација “Катлановска бања“ ДОО Катланово и Здравствената установа АД “Цар Самоил“, село Банско – Струмица.
Пред новинарите се обрати и директорот на Фондот на ПИОМ, Беким Незири, кој потенцира дека во реализацијата на овој значаен владин проект, во кој се вклучени пензионери со најниски примања, значајно место зазема и Фондот на ПИОМ, со што активно учествува во развојот и унапредувањето на активностите поврзани со прашањата од секојдневниот живот на пензионерите.
На крајот од своето обраќање, директорот Беким Незири, ги повика пензионерите кои сакаат да ја користат услугата за бањско-климатска рекреација, да аплицираат во филијалите на Фондот на ПИОМ, во периодот од 16 јануари до 15 февруари.
Потоа, по овој период, Комисијата на Министерството за труд и социјална политика ќе изврши соодветно рангирање.