• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Домот „Ѓорче Петров“ домаќин на делегацијата на премиерот

slika0001_j_193404849Пензионерскиот дом Ѓорче Петров на 30 декември 2012 година беше домаќин на делегацијата предводена од премиерот Никола Груевски во придружба на министерот Спиро Ристовски и директорот на Фондот на ПИОМ Беким Незири. На средбата присуствуваа и претседателот на СЗПМ Драги Аргировски, претседателот на градскиот сојуз на ЗП Крсте Ангеловски, градоначалникот на општината Ѓорче Петров и претседателот на ИО на ЗП Ѓорче Петров, Методија Новковски.
Покрај срдечните честитки за празниците, на средбата премиерот се интересираше за сместувачките капацитети и за условите за живот во Домот, стандардот и другите актуелни проблеми кои ги засегаат пензионерите.
Воодушевени од посетата, станарите искажаа позитивни мислења за сместувачките капацитети и за условите за живот но, се пожалија на ниските пензии и високите сметки за струја поради нерешениот проблем со централното затоплување во Домот. Премиерот Груевски објасни дека на целата ситуација има големо влијение и светската економска криза, а воедно и финансиските можности во државата. Премиерот исто така, на средбата даде ветување дека и во иднина ќе продолжи реализацијата на владините проекти за подобрување на стандардот на пензионерите како што се: бесплатна бањска рекреација, бенефиции за болничко лекување, бесплатниот превоз, а истовремено ќе продолжи и зголемувањето на пензиите.
Со желба средбата да остане во добро сеќавање, премиерот на пензионеирте им подари современ телевизор и им посака поисполнет и посреќен живот.