14.09.2011 год.
Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, Исни Јакупи заедно со министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, Драги Аргировски, денес ги посетија пензионерите корисници на услугите од Проектот на Владата на РМ за бањско-климатска рекреација на корисниците на пензија во Катлановска Бања. При посетата на пензионерите во Катлановска Бања присуствуваа и заменик-директорката на Фондот на ПИОМ, Марија Којзеклиска и Муедин Кахвеџи, државен секретар во Министерството за труд и социјална политика.
Директорот, Министерот и Претседателот на Сојузот на пензионерите, разговараа со пензионерите за нивниот впечаток од условите, сметувањето, медицинската нега и друго.
Општ впечаток на пензионерите беше дека тие се задоволни од овој проект на Владата, кој им овозможува на оние со пониски пензии да можат да ги користат услугите на бањите во период од животот кога тоа им е најпотребно.
Тие искажаа благодарност за иницијативата на Владата што и оваа година им овозможи бесплатно користење на бањско-климатската рекреација во бањите во Македонија.
Во реализација на овој проект директно учество имаше Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.
Директорот на Фондот поттикнат од изјавите на пензионерите истакна дека во изминативе неколку години Фондот ги ангажираше своите филијали и деловници, преку ресурсите, просторот, потребните податоци, информативниот центар, Веб-страницата и друго, за успешно реализирање на Проектот на Владата на РМ за бањско-климатската рекреација на пензионерите.
Фондот на ПИОМ им овозможи на пензионерите да ги поднесат барањата за користење на овие услуги, без да се создаваат гужви и чекања за поднесување на истите.
Според Јакупи, Кол-центарот постојано и навремено ги информираше корисниците на пензија за нивните права и содржината на услугите од бањско-климатско рекреативниот пакет кој го овозможи Владата на РМ, како и со информации за времето и местото на користење на истите и сите други информации кои ги бараа пензионерите.
“Фондот, истовремено партиципираше и со подготовка и доставување на потребните податоци до Комисијата во Министерството за труд и социјална политика кои беа основ за утврдување на приоритетите за одобрување на бањско-климатската рекреација. Фондот преку информативниот центар и Веб-страницата редовно ги информира корисниците со соопштенија или известувања за начинот и постапката за остварување на услугата за бањско-климатска рекреација, како и преку објавување списоци со корисниците на пензија на кои им е одобрено користење на услугата“, рече Јакупи.
Приоритет при рангирањето имаа корисниците со понизок износ на пензија, подолг период на времетраење на користење на пензијата и лицата кои користат помош и нега од друго лице.
Во 2011 година ова право го искористиле 5.500 корисници на пензија, а истото се планира да продолжи и наредната година.