Дигитализацијата на услугите и регистрите, како стратешка цел на Владата на Република Северна Македонија преку проектот „Зајакнување на е-влада”, финансиран од програмата ИПА 2017, кој започна со имплементација во третиот квартал на 2020 година, е во завршна фаза и за кратко време ќе започне да се реализира.
Во таа насока, денес во Фондот на ПИОСМ се одржа работна средба со претставниците на проектот, претставници од МИОА и правни експерти кои директно се вклучени во реализирањето на проектот.
Целта на проектот е да се зголеми бројот на достапни електронски услуги на националниот портал за електронски услуги (uslugi.gov.mk), како за граѓаните, така и за правните лица. Во рамките на проектот се планира дигитализација на услугите и на регистрите потребни за услугите.
Главни придобивки ќе бидат кратење на времето за испорака на услугите и зголемување на квалитетот на електронските услуги.
Досега се разработени неколку услуги кои Фондот веќе ги нуди, некои продолжуваат со развој и се поврзуваат со други институции како дел на интероперабилноста и се поставуваат на националниот портал.