На покана од страна на директорот на Австрискиот фонд г-дин Винфрид Пингера во периодот од 17-18.11.2022 година во Виена, Австриjа, се одржа Меѓународен симпозиум на тема: „Дигитализација во време на криза – засилувач за ефикасност и издржливост”, организиран од Австрискиот пензиски Фонд.
На Симпозиумот, Фондот на ПИОСМ го претставуваа: заменик директорот Шаип Зенељи, директорот на Секторот за човечки ресурси, правни и општи работи, Филиз Мехмед и директорот на Секторот за финансиски прашања, Фатиме Неџипи.
Покрај интригантните клучни говори на реномирани експерти, на вториот ден од конференцијата следеше панел -дискусија од страна на сите учесници.
Почетна точка на темата беше набљудувањето на моменталната ситуација во светот после пандемијата со Ковид 19. Како Ковид 19 ги турна сите на почетокот во изолација, но потоа со дигитално/виртуелно работење, поддржан со широка употреба на дигитални алатки, каква беше адаптацијата на таа средина и колку беше успешно менаџирана од страна на сите нас? Дали дигитализацијата може да ги исполни ветувањата за постојано зголемување на ефикасноста и нејзина еластичност при примената? Ако е така, какви трошоци и предизвици би сноселе институциите во иднина, беа дел од дискусиите во деновите додека траеше одржувањето на симпозиумот.