• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

ДЕСЕТТА СРЕДБА НА ДИРЕКТОРИТЕ НА ФОНДОВИТЕ ЗА ПЕНЗИСКО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ ОД ДРЖАВИТЕ НАСТАНАТИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ПОРАНЕШНА СФРЈ

Во организација на Републичкиот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Република Србија, од 21 до 23 јуни 2018 година, во Белград, се одржа Десеттата средба на директорите на фондовите за пензиско и инвалидско осигурување од државите настанати на територијата на поранешна СФРЈ.

20180622_090310 (Copy)На средбата присуствуваа голем број учесници од седум републики, и тоа од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Република Српска и Македонија.

За прв пат, оваа година, од страна на Републичкиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Република Србија, како специјални гости на средбата беа поканети да учествуваат и претставници од Австрискиот, Германскиот и Унгарскиот фонд, како и од Австриската амбасада во Белград.

Според агендата на домаќините, на средбата, за оваа година беа предвидени неколку точки на дневниот ред. Секој Фонд информираше за измените на прописите на пензиското и инвалидското осигурување во 2017 година, со прашања и дискусии за надминување на проблемите при спроведување на билатералните договори за социјално осигурување, како и разменување искуства при реализација на електронска размена на податоците и др.

Делегацијата од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, ја предводеше Шаип Зенељи, Директор на Фондот на ПИОМ, кој на крајот на средбата, ги покани претставниците на пензиските фондови, наредната година да бидат гости на Единаесеттата средба на директорите на фондовите за пензиско и инвалидско осигурување од државите настанати на територијата на поранешна СФРЈ, која ќе се организира од страна на Фондот на ПИОМ.