Двете делегации се договорија да објават соопштение и на соодветен начин да ги известат осигурениците дека пред остварување право на пензија да го регулираат прашањето на навршен пензиски стаж во другата држава договорничка. Исто така, се иницираше одржување на денови на разговор на ниво на органи за врска во текот на 2011 година
Од 17 до 18 ноември 2010 година во Скопје се одржаа разговори меѓу делегациите на Република Македонија и Република Србија за примена на одредбите од Договорот за социјално осигурување кои се однесуваат на пензиското и инвалидското осигурување. Треба да се истакне дека состанокот меѓу двете делегации мина во конструктивна и работна атмосвера.
Делегацијата од Србија беше во следниот состав: Зоран Милошевиќ, помошник на Министерот за труд и социјална политика, Шеф на делегацијата, Радоје Савиќевиќ, раководител на Група за меѓународни договори за социјално осигурување во Министерството за труд и социјална политика, Душан Кадиќ, советник на директорот на Републичкиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување, Владимир Станковиќ, директор на Секторот за остварување права од ПИО во Републичкиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување, Владан Армуш, помошник на директорот на Служба во Дирекцијата на Републичкиот фонд за ПИО, Жељко Симиќ, началник на Одделението за матична евиденција во Дирекцијата на Републичкиот фонд за ПИО и Милан Нешиќ, раководител на Групата за примена на меѓународни договори во областа на ПИО во Заводот за социјално осигурување.
Македонската делегација беше во состав: од Министерството за труд и социјална политика присуствуваа: Ирена Ристеска, Шеф на делегацијата, раководител на Секторот за пензиско и инвалидско осигурување и Даниела Божиновска, советник, од Министерството за надворешни работи беа: Викторија Гиерер, помошник раководител на Сектор и Маригона Марку, помлад соработник и од Фондот на ПИОМ: Трајко Премчески, помошник директор на Секторот за остварување на правата од ПИО, Ниѓар Тоска, советник, Милица Симоноска, контролор, Маргарита Трајкова, координатор, Беќир Меџити, координатор, Јадранка Јовановска, началник на Одделението за матична евиденција, Љуба Митровска, началник на Одделението за подготвување решенија во втор степен, управни спорови, надзор и инструктажа и Љубомир Андревски, стручен соработник.
По поздравните говори, двете делегации разменија информации за измените на прописите од областа на пензиското и инвалидското осигурување во двете држави договорнички.
И во оваа прилика треба да се истакне дека Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Србија се применува од 1 април 2002 година, и во изминатиот период голем број граѓани од двете држави ги остварија своите права што секако е цел при склучување на вакви договори. Но, бидејќи во остварувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување се појавуваат отворени прашања поврзани со потврдување на периодите на осигурување навршени во двете држави, состанокот претставуваше добра можност и двете делегации да разменат мислења и во однос на идните активности за продолжување и продлабочување на соработката на надлежните министерства во наредниот период.
На работниот состанок, а во врска со примената на одредбите од Договорот се разгледаа прашањата за: траење на постапката за остварување на права од пензиското и инвалидското осигурување, потврдување на периодите на осигурување, повторно одредување на пензиите согласно член 41 од Договорот и др.
Треба да се потенцира дека на разговорите се постигна согласност за надминување на проблемите за долготрајноста на постапката за остварување права од пензиското и инвалидското осигурување, потврдување на периодите на осигурување и се договори следното: во случаите кога се работи за доставување на нечитлива копија на работна книшка и други докази задолжително да се приложи и допис во кој ќе се појаснат нечитливите податоци.
Во однос на различноста на податоците од структурата на единствениот матичен број и датумот на раѓање двете делегации се договорија да се доставува дополнителен доказ со кој ќе се потврди идентитетот на осигуреникот.
Исто така, двете делегаци разменија списоци на предмети по кои постапката трае подолго време. Преземени се меѓусебни обврски добиените списоци да се разгедаат и преземат мерки за побрзо завршување на постапката.
При поднесување на барања за потврдување на стажот навршен кај македонските обврзници “Алкалоид”, “Треска” и “Пелагонија” двете делегации се договорија дека српскиот носител на осигурување кон барањето за потврдување на стаж да приложи и преглед на регистрирани податоци во матична евиденција. Доколку се појави потреба за доставување на овој доказ и за други обврзници, српскиот орган ќе постапува на ист начин.
На работниот состанок македонската делегација го покрена прашањето за потврдување на пензискиот стаж во Приштина, Призрен, Пеќ, Урошевац и Ѓаковица. Српската делегација извести дека Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Србија не располага со сите податоци неопходни за потврдување на стажот, поради што не е во можност да ги достави на носителот на осигурување во Република Македонија. Српската делегегација информираше дека од 2010 година воспоставена е можност за пристап до податоци за стаж и плати по електронски пат на лично барање на осигуреникот, или преку полномошник.
Двете делегации се договорија да објават соопштение и на соодветен начин да ги известат осигурениците дека пред остварување право на пензија да го регулираат прашањето на навршен пензиски стаж во другата држава договорничка. Исто така, се иницираше одржување на денови на разговор на ниво на органи за врска во текот на 2011 година.
Во поглед на повторното одредување на пензиите согласно член 41 од Договорот, двете делегации констатираа дека постои ажурност во решавањето на барањата и презентираа податоци околу паричните побарувања и обврските по тој основ. Двете делегации разменија податоци за меѓусебните побарувања по основ на доставени оштетни побарувања, со оглед на тоа дека во меѓувреме постоел застој во нивното намирување.
Српската страна врачи список на лица за кои се доставени оштетни побарувања (935 корисници на пензија). Договорено е носителите на осигурување на двете држави меѓусебно да ги усогласат обврските и побарувањата по овој основ. Двете страни се согласија меѓусебните побарувања да ги подмират најдоцна до 30 јуни 2011 година.
Исто така, српската делегација и врачи на македонската делегација копија на две фактури за плаќање на трошоците по основ на извршено медицинско вештачење по барање на македонскиот носител, со ургенција оваа обврска да се подмири.
Двете делегации се согласија да се одржи нова средба за усогласување на измените на двојазичните обрасци. И, уште двете делегации разменија списоци на лица за контакт со цел ефикасно спроведување на договорот.