Новиот директор на Фондот на ПИОМ, Беким Незири, е роден 1975 година во Скопје, каде што завршил Средно медицинско училиште.
На Природно-математичкиот факултет во Скопје, дипломирал на Насоката по биологија и се стекнал со звањето дипломиран инженер по биологија.
Своето образование го продолжил на постдипломските студии на Економскиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ каде што наскоро ќе ја брани својата магистерска тема со наслов „Управување во јавен сектор“.
Тој, до доаѓањето за директор на Фондот на ПИОМ работел во Агенцијата за цивилна воздушна пловидба, потоа бил заменик директор на УЈП на Македонија, како и во Македонската навигација каде бил директор за финансии, правни работи, план, развој и инвестиции. Но, бил ангажиран и во Црвениот крст на Македонија за време на Косовската криза, како и во Меѓународниот комитет за спас ИРЦ како советник за надворешни проекти.
Зборува: албански, англиски, македонски и француски јазик.