• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

12-ТА СРЕДБА НА ДИРЕКТОРИТЕ НА ФОНДОВИТЕ НА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ ОД ДРЖАВИТЕ НАСТАНАТИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ПОРАНЕШНА СФРЈ

slika 2Од 08-10 јуни 2022 година, во Дубровник, Република Хрватска, се одржа 12-та средба на директорите на фондовите на пензиското и инвалидското осигурување од државите настанати на територијата на поранешна СФРЈ, организирана од страна на Хрватскиот завод за мировинско осигурање.

На средбата од страна на Фондот на ПИОСМ учествуваа Дритан Беџети, директор на Фондот, Шаип Зенељи, заменик директор, Билјана Стојанова, директор на Секторот за остварување на правата од ПИО и Фатиме Неџипи, директор на Секторот за финансиски прашања.

slika 3Како претходен домаќини на 11-та средба на директорите на фондовите на пензиското и инвалидското осигурување од државите настанати на територијата на поранешна СФРЈ, одржана во Охрид во 2019 година, директорот на Фондот Дритан Беџети, ги поздрави учесниците и говореше за заклучоците од последната средба и нивната реализација досега.

Директорот нагласи дека овие традиционални средби помеѓу фондовите, се многу значајни и придонесуваат во надминувањето на многу прашања, разменување на нови идеи и практики во спроведувањето на меѓународните договори за социјално осигурување, како и за продолжување на досегашната успешна соработка во примената на истите. Од доставените податоците од последните заклучоци се забележува тренд на зголемување на бројот на осигуреници во сите држави – учесници на средбата, иако во последните две години пандемијата ни наложи поинаков начин на работа на кој моравме сите да се прилагодиме и така да функционираме. Исто така, директорот Дритан Беџети придаде голема важност и на продолжувањето и постигнувањето на согласност за електронска размена на податоците помеѓу носителите на пензиското и инвалидското осигурување, со што е овозможено намалување, односно спречување на неосновани исплати на пензии, а со тоа навремено се спречува и одливот на средствата и подобрување на финансиската ликвидност на фондовите.

slika 4“Ангажирањето во надминување на некои прашања во спроведувањето на меѓународните договори за социјално осигурување, како и за продолжување на нашата досегашна успешна соработка во примената на истите е на високо ниво и се надеваме дека сите заедно ќе придонесеме за брза и успешна соработка помеѓу сите нас” додаде директорот на Фондот, Дритан Беџети.