Во текот на денешниот ден в.д директорката на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија Билјана Јовановска и Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, остварија средба.
Се разговараше за потребата од постојана соработка меѓу двете институции, како предуслов за функционален и стабилен пензиски систем, кој подразбира редовна и навремена исплата на пензиите, како и грижа за сегашните, но и за идните пензионери. Воедно, имајќи ја во предвид состојбата со вирусот КОВИД-19, а со цел заштита на здравјето на пензионерите, Владата на РСМ преку Фондот на ПИОСМ како до сега, така и во наредниот период, ќе продолжи со предвремената исплата на пензиите, која се исплаќа во неколку дена поделена според висината за пензијата.
Директорката Јовановска ја информираше министерката Шахпаска дека во тек се повеќе процеси во рамките на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија кои се во насока на давање квалитетна и навремена услуга на своите корисници, со посебен акцент на забрзано решавање на застојот со предметите во Комисијата за оцена на работна способност, која постапува по барањата поврзани со правата од инвалидско осигурување, предизвикан пред сѐ од пандемијата КОВИД-19 и одредени објективни причини.
Средбата заврши со заедничка заложба на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Владата на Република Северна Македонија за понатамошни активности во корист на осигурениците и корисниците на пензија.