• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ФОНДОТ НА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија спроведе акција за дезинфекција на просториите во зградата на Фондот, на сите филијали и деловници на Фондот на ПИОСМ, како и на пензионерските домови.

Дезинфекцијата на пензионерските домови се изврши со помош од општините: Чаир, Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Свети Николе, Делчево, Гевгелија, Прилеп и Куманово.

За ваквата несебична и хумана помош на општините, Фондот на ПИОСМ, изразува голема и искрена благодарност.

Оваа мерка за дезинфекција ќе продолжи и во наредниот период, како придонес за спречување на ширењето на корона вирусот, за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните при нивната фрекфенција и комуникација со администрацијата.