Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Министерството за одбрана, денес на 11 февруари 2020 година, склучија Меморандум за деловна соработка.
Меморандумот за деловна соработка има за цел преку меѓусебна соработка, Фондот по електронски пат да ги обезбеди податоците за стажот на осигурување и платите за вработените од Министерството за одбрана за периодот од 1993 до 2006 година.
Со Меморандумот се дефинира начинот на спроведување на контролата и одговорноста за точноста и потполноста на податоците за стажот на осигурување и платите за вработените во Министерството за одбрана.
Исто така, се дефинира и електронскиот начин на преземање на податоците за стажот на осигурување и платите (пријави М4) од страна на Фондот.
Имено, преземањето на податоците ќе претставува софистициран начин на обработка на истите, со тоа што министерството ќе се ослободи од подготовка на хартиени пријави, а Фондот од процесот на скенирање на истите, бидејќи преземањето ќе биде електронски во Pdf – формат како слика.
Со спроведување на активностите содржани во Меморандумот, ќе се обезбедат комплетни и точни податоци, врз основа на кои вработените од министетерството, согласно Закон, ќе остваруваат права од пензиското и инвалидско осигурување во обем и висина која им припаѓа.