По објавените написи во одредени медиуми, во врска со Извештајот за работењето на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за 2018 година, објавен од страна на Државниот завод за ревизија, Фондот го дава следниот демант.
Стручните служби на Фондот на ПИОСМ, откако го добија Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за извршена ревизија на дел од елементите на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2018 година, внимателно ги анализираа наводите содржани во истиот и констатираа дека Извештајот ги содржи објективните состојби на работењето во Фондот.
Од ова, произлегува дека написите во медиумите се извадени од контекст за да се даде погрешна слика на работењето и угледот на Фондот, како значајна државна институција и сервис на граѓаните на Република Северна Македонија.
По однос на наводите дека Фондот на ПИОСМ исплатил речиси 4 милиони евра на починати лица, е непотполна информација, бидејќи износот од 241,604 илјади денари е износ за евидентираните побарувања од 2007 година заклучно со 31.12.2018 година.
Информираме дека Фондот на ПИОСМ, за надминување на овој проблем, во 2016 година склучил Договор за електронска размена на податоците за починати лица со Управата за водење на матични книги, токму поради фактот за надминување на овие проблеми. Фондот претходно немаше друг начин да добие податок кога лицето е починато, ако член на семејството не ја дојави смртта, или не поднесе барање за исплата на солидарен фонд.
Во делот дека Фондот на ПИОСМ изгубил документи за стаж на илјадници граѓани, поради што е доведено под знак прашање нивното право на пензија, не ја дава правата слика за состојбите во матичната евиденција на Фондот, каде што се водат и воспоставуваат податоци за стаж и плата почнувајќи од 1970 година па навака. Фондот го демантира фактот дека податоците се изгубени, туку кај одредени осигуреници нема утврдени периоди на осигурување поради тоа што одредени обврзници за пријавување на податоци не си ја завршиле законската обврска за доставување на истите во тековната година за претходните години. Исто така, истите не ја предале документацијата од областа на трудот во Државниот архив на РСМ. Ова е многу мал број и нема потреба за загриженост кај осигурениците. Со измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување во 2015 година, Фондот е обврзан два пати во годината да доставува прегледи на регистрирани податоци во матичната евиденција до сите обврзници за пријавување на податоци. На овој начин, секој осигуреник има увид во своите податоци и во случај на неточни и непотполни податоци на време го регулира стажот, а не пред да оствари услов за пензија.
Фондот во своето тековно работење се грижи за остварување на правата од пензиското и инвалидско осигурување и нема потреба од дезинформации кои само влеваат страв и несигурност кај граѓаните на Република Северна Македонија.