В.д. директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија г-н Амет Даути и градоначалникот на Општина Чаир, г-н Изет Меџити, денес во единасесет часот го посетија Пензионерскиот дом Чаир, каде остварија средба со станарите на Домот. Целта на посетата беше да се види на лице место што е реновирано и колку се задоволни станарите на домот.
На средбата, станарите го искажаа своето задоволство од досега стореното за подобрување на условите за живот, но не пропуштија можност да истакнат и што друго им недостига, каде од страна на в.д. директорот и градоначалникот им беше ветено дека ќе имаат во предвид при следните вложувања.
Воедно, в.д. директорот на Фондот на ПИОМ и градоначалникот на Општина Чаир одржаа заедничка прес-конференција. Притоа, истакнаа дека во 2015 год. во Пензионерскиот дом во Чаир е реновиран, односно поставен нов ламинат во сите простории, направена е замена на дотраената дрвена столарија со нова ПВЦ столарија во заедничките простории и изведени се гипсарски и молерски работи.
Финансиското вложување во Пензионерскиот дом започна во 2013 год. кога беше сменет кровниот покривач од салонит со пластичен лим, а ќе продолжи како оваа година, така и во иднина.
Овие вложувања значат подобрување на условите за живот на станарите во домот и истите во пензионерските домови ќе продолжат и во иднина.