• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Завршена реконструкцијата на пензионерскиот дом во автокоманда

11893851_455996701254613_7150324506117030406_o__Copy__297082852По повод завршената реконструкција на Пензионерскиот дом во Автокоманда, Општина Гази Баба, денес, 27 август, во 11,30 часот, пред платото на Пензионерскиот дом, прес-конференција одржаа министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, в.д. директорот на Фондот на ПИОМ, Амет Даути, претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, Драги Аргировски, градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски и претседателот на Советот на Општина Гази Баба, Милан Андоновски.

Подобрувањето на условите за живот на пензионерите во пензионерските домови кои се со помали месечни примања, претставува дел од проектот на Владата на Република Македонија за грижа на оваа категрија на граѓани.

Ова, воедно, е и продолжување на проектите „Бесплатно бањско лекување“ и „Бесплатен викенд“ за пензионерите, со кои ќе бидат опфатени околу 2200 корисници на пензија.

Амет Даути, в.д. директор на Фондот на ПИОМ, појасни дека со рекунструкцијата на овој Пензионерскиот дом, се опфатени градежни работи за санирање на санитарните јазли во приземјето, на заедничките простори – ходниците, потоа, молерски работи, електрика, замена на надворешна столарија со нова ПВЦ-столарија. Исто така, реконструиран е лифт, поставен е ламинат во сите соби и направено е санирање на оштетените ѕидови од влага во ходниците. Тој потенцира дека во Буџетот на Фондот, секоја година се предвидуваат средства кои се наменети за реконструкција на пензионерските домови, а тоа значи дека и во иднина ќе продолжи грижата за оваа категорија на граѓани.