• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Примена на проектот за електронска проверка на стажот

Untitled__Copy__387986894На 4 јуни, во просториите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, се одржа конференција за претставниците од печатените и електронски медиуми.
На средбата со новинарите, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и в.д.директорот на Фондот на ПИОМ, Амет Даути, информираа за двата проекти на Владата на Република Македонија, и тоа, за електронскиот пристап до податоците за стаж и плати преку Интернет и за информирањето на граѓаните за нивниот стаж, двапати во годината.

Со реализацијата на проектот за пристап до податоците за стаж и плати преку Интернет, кој стартуваше од 1 јуни годинава, ќе се овозможи зголемување на степенот на информираност на осигурениците за нивниот стаж и плати и ќе им се овозможи на граѓаните на Р.Македонија навреме да го регулираат својот стаж, со што се постигнува заштита на нивните права од пензиското и инвалидско осигурување.

Секој заинтересиран граѓанин кој сака да има електронски пристап до базата на податоците на Фондот на ПИОМ, треба само еднаш да дојде во Фондот за да го подигне своето корисничко име и лозинка и потоа лично тој, постојано да има пристап до сопствените податоци за стаж и осигурување.

Според в.д.директорот на Фондот на ПИОМ, Амет Даути, новата е-услуга за податоците за стаж и плати преку веб-страницата на Фондот, овозможува граѓаните на Р.Македонија, континуирано и во текот на 24 часа да имаат пристап до своите податоци за стаж и плата, односно да се информираат дали работодавачот каде што работи навремено му ги исплаќал придонесите, со што ќе можат навреме да извршат соодветни корекции на стажот за остварување на своето право за пензија, а истовремено ќе се намали и метежот и турканиците пред шалтерите во Фондот.

Во врска со вториот системски проект на Владата на РМ, кој, исто така, е во насока на зголемување на информираноста на граѓаните, двапати годишно, односно до 15 февруари и до 15 јули, од Фондот на ПИОМ по електронски пат се испраќаат податоци за стажот до обврзниците – работодавачите, кои се должни потоа да ги достават до нивните вработени. Земјоделците и самовработените лица ќе бидат писмено информирани за податоците за нивниот стаж. Како резултат на првите испратени информации во февруари, оваа година, досега околу 51.500 осигуреници направиле корекции на своите податоци за стаж.

Според оценките на менаџерскиот тим на Фондот, овој нов зафат ќе придонесе за јакнење на одговорноста кај фирмите во исполнувањето на нивните обврски кон своите вработени, но и за полнење на Фондовската каса со средствата што ќе се добијат по оваа основа.

На средбата, новинарите беа информирани дека продолжува да се реализира Проектот „Отворени денови“ за информирање на граѓаните за податоците за нивниот стаж, кој досега, се реализираше во 16 општини во Република Македонија.

Одгласот од средствата за јавно информирање кај нас беше голем, со што се покажува големиот интерес кон работата на Фондот на ПИОМ од една и грижата за информирање на вработените во фирмите, од друга страна.