• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

„Ден за вас“ меѓу граѓаните на Чаир

untitled_303969778Проектот “ДЕН ЗА ВАС” кој започна да се реализира од 2012 год. од страна на Министерството за труд и социјална политика, Фондот на ПИОМ и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) го продолжува и новиот циклус посветен на граѓаните, во врска со нивните права од пензиското и инвалидско осигурување. Овој проект е дел од целите на програмата на Владата на Република Македонија, со цел да се олесни пристапот на граѓаните до институциите и да се подобри ефикасноста на јавната администрација.

На 28 април оваа година, во паркот во Чаир, претставници на трите институции, од кои во најголем број од Стручната служба на Фондот, во непосреден дијалог одговараа на прашања поставени од граѓаните со цел да им помогнат во надминување на проблемите со кои се соочуваат во текот на остварувањето на правата од пензиското и инвалидско осигурување. На овој начин, Фондот на ПИОМ покажа поголема транспарентност и блискост со граѓаните – корисници на нашите услуги.

Во проектот учествуваа: г-дин Изет Меџити, градоначалник на општина Чаир, Амет Даути, в.д. директор на Фондот на ПИОМ и Ментор Јакупи, член на Советот на експерти на МАПАС, кои дадоа свои изјави за новинарите во врска со оваа активност.

На самото место на реализација на оваа активност, граѓаните имаа можност само со лична карта да го проверат нивниот стаж на осигурување и други податоци од ПИО, како и да добијат писмено известување. Истовремено, беа информирани за прашањата поврзани со првиот и вториот пензиски столб.

Со проектот “ДЕН ЗА ВАС” се овозможува навремено информирање на осигурениците за состојбата со стажот и платата, врз основа на кои се остваруваат правата од пензиското и инвалидско осигурување, како и ефективно учество на институциите во исполнувањето на истите податоци.

Ова е доказ дека јавната администрација е секогаш на услуга на граѓаните во остварувањето социјална сигурност.