• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Известување за користење услуга на бањско климатска рекреација на корисници на пензија за 2015 година

Министерство за труд и социјална политика ги повикува заинтересираните лица корисници на пензија да се јават за користење на услугата бањско климатска рекреација.

Oваа услуга може да ја користат лица – корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и одредбите од договорите за социјално осигурување коишто Република Македонија ги применува, а коишто живеат на територија на Република Македонија и правото на пензија го стекнале заклучно со декември 2014 година.

Услугата може да се користи еднаш, во период од март до ноември 2015 година, во траење од 7 дена. Одобрениот термин за користење на услугата не може да се менува, освен доколку постои спреченост поради болест.

Услугата на бањско климатска рекреација опфаќа:
– 6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно),
– бањска терапија,
– еден задолжителен здравствен преглед и
– трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта од местото на живеење на корисникот до установата во којашто ќе се користи услугата на бањско климатска рекреација (трошоците за превоз ќе бидат дозначени на трансакциската сметка на корисникот на пензија по користење на услугата).

Лицата корисници на пензија коишто користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност или слепило имаат право на придружник за време на бањско климатската рекреација.

Услугата на бањско климатска рекреација се остварува во правни лица регистрирани за вршење на услуга за бањско климатско лекување со коишто Министерството за труд и социјална политика ќе склучи договор.

Потребни документи коишто корисникот на пензија треба да ги достави за користење на услугата:

За користење на бањско климатската рекреација потребно е да се поднесе барање до филијалата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, според местото на живеење на корисникот на пензија. Барањето го издава подрачната единица на Фондот.

Во барањето корисникот на пензија може да се определи да ја користи услугата Бањско климатска рекреација за корисници на пензија за 2015 година или Бесплатен туристички викенд за корисници на пензија за 2015 година.

Доколку корисникот на пензија користи и дел од пензија којашто се исплатува од друга држава, задолжително треба да се достави и потврда/чек од банката за месечниот износ на пензијата.

При рангирањето на поднесените барања, приоритет ќе биде даден на пензионерите кои пред пензионирањето работеле во рудници со подземен ископ, и на пензионерите кои се корисници на инвалидска пензија со утврден повисок процент на инвалидност.

Барањата ќе можат да се поднесат до 16 февруари 2015 година.

По завршување на постапката Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, задолжително писмено ќе го известат подносителот на барањето за установата во којашто ќе биде упатен и периодот на користењето на услугата.

Списоците на корисниците на пензија на коишто им е одобрено користење на услугата за бањско климатска рекреација ќе бидат објавени во филијалите на Фондот, како и на web страната на Министерството за труд и социјална политика www.mtsp.gov.mk и на web страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија piom.com.mk.

Напомнуваме дека лицата–корисници на пензија коишто во 2010, 2011, 2012, 2013 и 2014 година добиле право да ја користат услугата бањско климатска рекреација не може да ја користат оваа услуга и во 2015 година.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА