Почитувани,
Ве известуваме дека Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија постапувајќи по член 207-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Сл. весник на РМ“ бр. 113/2014) ќе изготви прегледи со податоци од матичната евиденција на осигурениците за секој осигуреник кој е пријавен во задолжителното социјално осигурување, и тоа:
– најдоцна до 15 февруари и
– најдоцна до 15 јули секоја година.
Доставувањето на овие податоци ќе започне од 15.01.2015 година.
Прегледот ќе се доставува до обврзникот (работодавачот) за пријавување на податоците, на службената Е-Мail адреса.
Врз основа на став (3) од членот 207-а, работодавачот по добивањето на прегледот е должен на осигуреникот веднаш да му го достави прегледот во хартиена или електронска форма, согласно прописите со кои се уредува заштитата на личните податоци.
Податоците ќе Ви бидат доставени на Е-Mail адресата како компримиран и заштитен zip-фајл со поединечни прегледи во pdf-формат за сите вработени. Дополнително ќе добиете порака со лозинката која треба да ја употребите за преглед на содржината на фајлот.
За таа цел е потребно да овозможите прием на пораки поголеми од 5MB.
Доколку не можете да го прочитате горенапишаниот текст, постапете на следниот начин:
– Сетирајте македонска поддршка
– Инсталирајте фонт StobiSerifRegular
Доколку работодавачот не постапи согласно наведената одредба, односно не го достави прегледот до работникот, му се изрекува глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност.
Ви благодариме на соработката,
Фонд ПИОМ