• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Меѓународни советодавни денови

Дали сте вработени или сте биле вработени во Македонија или Германија? Ве советуваат експерти од носителите за социјално осигурување

МЕЃУНАРОДНИ СОВЕТОДАВНИ ДЕНОВИ

Во рамките на активностите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, ќе се одржат два меѓународни советодавни дена меѓу Фондот на ПИОМ и Германскиот орган за социјално осигурување.

Првиот ќе се одржи во Тетово, на 8 октомври 2013 год., во Филијалата на Фондот на ПИОМ, од 9,00 до 16,00 часот, а вториот во Гостивар на 9 октомври 2013 год., во Филијалата на Фондот на ПИОМ, од 9,00 до 16,00 часот.

Се повикуваат сите граѓани на Република Македонија кои се или биле вработени во Македонија или Германија, да се пријават најдоцна до 4 октомври 2013 год., во Кол-центарот на Фондот на ПИОМ на бесплатниот телефонски број 02/15-215.

На Меѓународните советодавни денови, ќе советуваат експерти од двата носители за социјално осигурување надлежни за примена на Договорот за социјално осигурување и консултациите ќе бидат бесплатни.

Се молат граѓаните, со себе да ги понесат доказите за осигурување и своите лични документи.

Се надеваме дека ова ќе предизвика голем интерес, затоа претходно и навреме обезбедете си термин за учество.