• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Отпишвање на камати

Фондот на пензиското и инвалидско осигурување на Македонија ги информира сите правни субјекти и договорни осигуреници (индивидуални земјоделци, свештени лица,таксисти, адвокати и др.) кои немаат платено придонес за ПИО, дека стапи на сила Законот за отпишување на камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување. Законот дава можност на фирмите да им се отпишат каматите по основ на неплатени придонеси за ПИО кои настанале заклучно со 31 декември 2008 година.

ШТО ТРЕБА ОБВРЗНИЦИТЕ ДА НАПРАВАТ:

– да поднесат барање до филијалите на ФПИОМ најдоцна до 31 мај 2013 година
– да го платат само главниот долг по основ на придонес за ПИО во рок од 6 месеци од денот на поднесеното барање, но најдоцна до 30 ноември 2013.

ПРИДОБИВКИ ЗА ОБВРЗНИЦИТЕ ДОКОЛКУ СЕ ПЛАТИ ГЛАВНИОТ ДОЛГ

– отпис на каматата која изнесува 50-100% од висината на вкупниот долг (плати една, биди ослободен од 2 години)
– изработка на пријави М4 за регулирање на стажот по службена должност од страна на Фондот
– ќе се запре постапката на присилна наплата и непречено извршување на сите банкарски трансакции
– средствата кои требаше да ги платат за камата, а кои сега им се отпишуваат, ќе можат да ги инвестираат во развој на фирмата
– создавање на можност да си го платат и долгот без камата кој настанал по 01.01.2009 по основ на придонес за ПИО, за кој е надлежна УЈП.

ПРИДОБИВКИ И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ И ЗА ОНИЕ КОИ САМИ ЗА СЕБЕ СЕ ОСИГУРЕНИЦИ (индивидуални земјоделци, свештени лица,таксисти, адвокати и др.)

– регулирање на стажот на осигурување и можност за остварување на право на пензија
– со остварување на право на пензија се остварува и правото на здравствено осигурување
– зголемување на износот на пензијата, доколку некој во меѓувреме станал пензионер.

Со оглед дека Законот е со ограничена важност, се повикуваат сите фирми да ја искористат оваа можност.

Ве повикуваме да се обратите во филијалите на ФПИОМ, каде ќе ви бидат дадени сите потребни информации.