• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Потег што заслужува пофалба

SREDBA_SO_STPANSKA_KOMORA_17.4.2013_009____894915301На 18 април, во Фондот на ПИОМ, се одржа средба меѓу претставници на Менаџерскиот тим на Фондот и претставници од Стопанската комора на Република Македонија, Сојузот на стопански комори, Нотарската, Занаетчиската и Комората на стечајни управници, како и консалтинг и други фирми.

Целта на средбата беше имплементацијата и придобивките на новиот Закон за отпишување на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување, кој стапи на сила од февруари годинава.
Состанокот го отвори и присутните ги поздрави, Дејан Ѓорѓески, раководител на Филијалата на Фондот на ПИОМ во Скопје, кој нагласи дека целта на средбата е целосно запознавање со повеќекратните придобивки од Законот за отпис на каматите, кои, меѓудругото, овозможуваат избегнување на поднесување тужби и присилна наплата на придонесите за ПИО. Исто така, продолжи Ѓорѓески, со овој Закон, освен што на обврзниците-должници ќе им се овозможи плаќање на придонесите за ПИО без камата, Фондот на ПИОМ, бесплатно ќе изготвува М4-обрасци за работниот стаж, со што ќе се овозможи остварување на право на пензија на осигурениците кај тие обврзници.
Во дискусијата од страна на раководниот тим во Фондот, свое обраќање пред присутните имаа и Трајко Премчески, помошник директор и Занија Асаноски, началник на Одделението за контрола на податоци за придонеси од ПИО, кои им објаснија и препорачаа на присутните да ја искористат можноста што им ја нуди новиот Закон за отпис на камати, да го платат долгот по основ на придонеси од ПИО што го имаат до 2008 год., во рок од шест месеци и на повеќе пати, бидејќи истиот е со огранично важење (до 30 ноември). Притоа, доколку обврзниците-должници го платат целиот главен долг до крајот на ноември, стекнуваат можност да поднесат и барање до УЈП за ослободување на каматата за периодот од 2009 до крајот на 2012 год. Исто така, беше укажано дека основен услов за плаќање на главниот долг, без пресметана камата, е обврзникот да поднесе барање во филијалите и деловниците на Фондот, најдоцна до 31 мај, годинава.
Во богатата дискусија, присутните поставија повеќе прашања во врска со имплементирањето на Законот за отпис на камати, особено за фирмите кај кои се води стечајна постапка, за што добија стручни и квалификивани одговори од претставниците на Фондот на ПИОМ, со ветување за целосна помош во решавањето на сите проблеми на обврзниците поврзани со Законот за отпис на камати.