• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Повик за користење на услуга на бањско-климатска рекреација на корисниците на пензија во 2013 година

Министерство за труд и социјална политика ги повикува заинтересираните лица-корисници на пензија да се јават за користење на услугата бањско-климатска рекреација. Oваа услуга може да ја користат лица-корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и прописите на други држави со кои Република Македонија има склучено договор за социјално осигурување, а кои ова право го стекнале заклучно со ноември 2012 година.

Министерство за труд и социјална политика ги повикува заинтересираните лица корисници на пензија да се јават за користење на услугата бањско климатска рекреација.

Oваа услуга може да ја користат лица-корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и прописите на други држави со кои Република Македонија има склучено договор за социјално осигурување, а кои ова право го стекнале заклучно со ноември 2012 година.

Услугата може да се користи еднаш, во период од 17 март до 30 ноември 2013 година, во траење од 7 дена. Одобрениот термин за користење на услугата не може да се менува, освен доколку постои спреченост поради болест.

Услугата на бањско климатска рекреација опфаќа:

– 6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно)
– бањска терапија
– еден задолжителен здравствен преглед
– трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта од местото на живеење на корисникот до установата во која што ќе се користи услугата на бањско климатската рекреација (трошоците за превоз ќе бидат дозначени на трансакциската сметка на корисникот на пензија 7 дена пред определениот термин).

Лицата корисници на пензија кои што користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице, имаат право на придружник за време на бањско-климатската рекреација.

Услугата на бањско-климатската рекреација се остварува во правни лица регистрирани за вршење на услуга за бањско-климатско лекување, со кои Министерството за труд и социјална политика ќе склучи договор.

Потребни документи што корисникот на пензија треба да ги достави за користење на услугата:

За користење на бањско-климатската рекреација потребно е да се поднесе барање до Подрачната единица на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, според местото на живеење на корисникот на пензија. Барањето го издава Подрачната единица на Фондот. Кон барањето, доколку корисникот на пензија користи и право на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, треба да се достави и потврда/чек за исплата од ноември 2012 година за користење на ова право од надлежниот Центар за социјална работа.

Доколку корисникот на пензија користи и дел од пензијата што се исплатува од друга држава, задолжително треба да се достави и потврда/чек од банката за месечниот износ на пензијата.

Барањата ќе можат да се поднесат до 15 февруари 2013 година.

По завршување на постапката Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, задолжително писмено ќе го извести подносителот на барањето за установата во која што ќе биде упатен и периодот на користењето на услугата.

Списоците на корисниците на пензија на кои не им е одобрено користење на услугата за бањско климатска рекреација ќе бидат објавени во Подрачните единици на Фондот, како и на web страната на Министерството за труд и социјална политика (www.mtsp.gov.mk).
Напомнуваме дека, лицата–корисници на пензија кои во 2010, 2011 и 2012 година добиле право да користат бањско-климатска рекреација не може да ја користат оваа услуга и во 2013 година.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

Документи