Реализацијата на новата процедура за работа на Комисијата за оцена на работната способност, беше тема на прес-конференцијата што се одржа на 25 декември, во Фондот на ПИОМ.
Директорот Беким Незири, пред новинарите најнапред, ја истакна постојаната заложба на Владата на РМ за целосна реализација на реформите во пензискиот систем и подобрување на пензионерскиот стандард, за што е потврда и најновата Владина одлука за зголемување на пензиите за 5% од наредната година.
Kолку за потсетување, на конференцијата за новинари што се одржа во август годинава, во Фондот на ПИОМ, беше презентирана новата процедура за работа на Комисијата за оцена на работната способност, со цел подобрување на услугите на Фондот кон граѓаните во делот на остварувањето на инвалидските пензии, рече директорот Незири. Веќе од септември, се покажаа и првите резултати, при што најдоцна за 24 дена од аплицирањето лицето се поканува на преглед, а на 58-от ден од аплицирањето, подрачните единици на Фондот носат статусно решение. Исто така, заострена е и контролата на работењето на лекарите, истите секој месец се ротираат од една во друга комисија, сè со цел елиминирање на сите неправилности и појава на корупција во работењето.
За успешно спроведување на новата процедура придонесе и проширувањето на составот на лекарските комисии, па така, наместо 6, сега во Комисијата за ОРС работат 10 лекари-специјалисти.
Потоа, директорот Беким Незири информира дека, Фондот на ПИОМ, на својата Веб-страница, на секои три месеци, ќе објавува списоци на лицата кои аплицирале и кои оствариле, односно не оствариле право на инвалидска пензија, што претставува поголема транспарентност и отвореност на Фондот на ПИОМ кон своите клиенти и пошироката јавност.
На новинарско прашање, директорот Беким Незири одговори дека последнава година нема посебен тренд на зголемување на бројот на инвалидски пензии. Така, додека во 2009 год. имало 2284 инвалидски пензионери, оваа година со решение за инвалидска пензија се стекнале 1873 лица, што е резултат токму на настојувањето на Фондот на ПИОМ за ригорозна контрола и правилна работа на инвалидските комисии.
На крајот, посочи директорот Незири, секој граѓанин кој ќе забележи одредени неправилности во работењето на Комисијата за ОРС, како и заради добивање информации на лицата што аплицирале за остварување право на инвалидска пензија, можат да пријават или да се јават или на телефонскиот број 15-215.