ДОГОВОРЕНА РАЗМЕНАТА НА ПОДАТОЦИ
На 8 и 9 ноември 2012 година во Скопје, во организација на Фондот на ПИОМ, се одржа Третата средба на директорите на фондовите за пензиско и инвалидско осигурување од државите настанати на територијата на поранешна СФРЈ. На средбата учествуваа претставници од шест фондови, и тоа од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Република Српска.
Теми за кои се дискутираше на средбата беше меѓусебнотo информирање за измените на прописите во пензиското и инвалидско осигурување, прашањата при спроведување на билатералните договори за социјалното осигурување, а постигнат е договор за создавање услови за електронска размена на податоците и др.
Домаќин на средбата беше Беким Незири, директор на Фондот на ПИОМ, кој откако ги поздрави присутните им посака успешна и плодна работа, укажувајќи дека средбата има особена и значајна улога и дека ќе придонесе во разрешувањето на постојните проблеми, со кои се соочуваат фондовите на пензиско и инвалидско осигурување од државите настанати на територијата на поранешна СФРЈ .
Исто така, тој накратко ги запозна присутните со организационата поставеност и работата на Стручната служба на Фондот на ПИОМ, потоа со системот на пензиското и инвалидско осигурување во нашата држава, како и со статистичките податоци.
Присутните на средбата пошироко беа запознати и со новините во Законот за пензиско и инвалидско осигурување на Р.Македонија, за што зборуваше Трајко Премчески, помошник на директорот во Секторот за остварување на правата од пензиското и инвалидско осигурување, додека за начинот на исплатата на корисниците на пензија, кои живеат во Р.Македонија и на територијата на поранешните ју – држави говореше Соња Бачовска, помошник на директорот на Секторот за економско-финансиско работење.
За електронската обработка на податоците, пак, каде акцентот беше ставен на целите, очекуваните резултати, можностите, процесите, како и предусловите, излагање поднесе Атанас Манчев, помошник на директорот на Секторот за информатика.
Имајќи ги предвид проблемите, кои настануваат при примената и спроведувањето на билатералните договори за социјалното осигурување во однос на долготрајноста на постапката за утврдување на стаж, беше заклучено сите државни фондови навремено, односно не подолго од 60 дена, одговорите по барањата за потврдувањето на стаж и барањата за остварување право на пензија, да ги доставуваат до другиот носител на социјалното осигурување, без оглед на тоа дали истиот е позитивен или негативен.
Во однос на прашањето за електронска размена на податоците на ниво на државните фондови, беше одлучено да се ангажираат и да соработуваат сите помошници или раководители во Секторот за ИТ, при што за координатор на овој проект е назначен претставникот од Р. Србија.
Наредната средба договорено е да се одржи во Подгорица, во 2013 година.