• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Подобрена работата на инвалидските комисии

PRES_INVALIDSKI_KOMISII__3.8.2012_103____273850955Од септември, официјално ќе почне да функционира новата процедура за работа на инвалидските комисии,која ќе овозможи скратување на постапката со точно дефинирани рокови, зголемена ефикасност, стручност и професионалност во работењето, а на Веб-страницата на Фондот на ПИОМ, на секои три месеци ќе има детално информирање колку и кои лица аплицирале и колку од нив стекнале право на инвалидска пензија

На 3 август, во Фондот на ПИОМ, се одржа прес-конференција, на која директорот на Фондот, Беким Незири, го презентираше Извештајот за работата на Одделението за оцена на работната способност.
На конференцијата, на која покрај новинарите, присуствуваше и Менаџерскиот тим на Фондот, директорот Беким Незири информираше за досегашната работа, како и за преземената нова процедура во работењето на инвалидските комисии, а со цел подобрување на услугите на Фондот кон клиентите во делот на остварувањето на инвалидските пензии.
Фондот на ПИОМ изработи соодветна анализа за работата на Одделението за оцена на работната способност, со која се увидоа предностите, недостатоците, можностите и заканите, рече директорот Незири. Оттука, Фондот заклучил дека е неопходно преземањето нова процедура во работењето на инвалидските комисии, се со цел да се избегне долгиот период на чекање од 6 до 9 месеци за покана за преглед, како и надминување на нетранспарентноста на процесот, појавата на некомплетна медицинска документација, како и елиминирање на можноста за злоупотреба.
– Според резултатите од направената анализа во изминатите три години, во 2010 година во Фондот на ПИОМ имало 1.978 нерешени предмети, во 2011 година имало 1.460 такви предмети, а во 2012 година нерешени предмети имало 1.336. Исто така, во 2009 година поднесени биле 8.741 барање за инвалидска пензија, а оваа година поднесени се само 2.793 барања, што значи дека бројот на аплицирања за инвалидска пензија е радикално намален, објасни директорот Беким Незири.
Во продолжение, директорот Незири накратко ја образложи новата процедура за остварување на правото на инвалидска пензија, според која подрачните единици на Фондот на ПИОМ во рок од седум дена треба да формираат електронски предмет кој се пренесува до инвалидската комисија која е должна во рок од еден ден да изврши контрола на комплетноста на медицинската документација. Известувањето за преглед е, исто така, во рок од еден ден. Според процедурата, лицето кое аплицирало за остварување право на инвалидска пензија, треба најдоцна во рок од 24 дена од аплицирањето да биде покането за преглед, потоа 39-от ден од аплицирањето во Фондот на ПИОМ треба да биде подготвен наодот кој потоа се испраќа до Комисијата за ревизија при Министерството за труд и социјална политика. Веќе на 58-от ден од аплицирањето подрачните единици на Фондот треба да донесат статусно решение.
Инаку, процедурата е во согласност со измените и дополнувањата на Законот за ПИО, каде дозволениот рок за донесување решение е 60 дена, потенцира директорот Беким Незири.
Доколку барателот на инвалидска пензија не добие известување во рок од 20 дена, веќе наредниот ден може да се информира за состојбата со неговиот предмет на телефонскиот број (02)15215 во Инфо-центарот на Фондот.