ОДРЖАНИ МЕЃУНАРОДНИ СОВЕТОДАВНИ ДЕНОВИ МЕЃУ ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ФОНДОТ НА ПИОМ И ГЕРМАНСКОТО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ
На 8 и 9 мај 2012 година, во Граѓанскиот информативен центар на Град Скопје, се одржаа советодавни денови меѓу претставниците на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и Германското социјално осигурување.
По минатогодишната, ова е втора по ред средба од ваков вид со Германскиот орган за социјално осигурување, на која дојдоа и побараа информации 140 граѓани од Републикава.
На средбата, граѓаните најчесто поставуваа прашања за условите за остварување право на старосна (предвремена и редовна), инвалидска и семејна пензија според германското законодавство, потребната документација при поднесување на барање, потоа податоците во врска со висината на пензијата, податоците за навршениот стаж во Германија, како и за местото на поднесување на барањето и постапката за враќање на придонесите.
Двете страни се согласија ваквите средби да продолжат да се одржуваат и во иднина, и тоа, два пати годишно, во Македонија и во Германија.
Договорено е, во 2013 година, средбите да се одржат во февруари или мај во Германија, а во октомври или ноември во Македонија.
На советодавните денови, од Фондот на ПИОМ учестува: Ниѓар Тоска, советник на директор на ФПИОМ, Билјана Стојанова, контролор во Одделението за меѓународни договори, Шејла Рамадани, референт за решавање на правата при примена на меѓународните договори и Катерина Павловска, кореспондент по германски јазик.