• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Доуточнување на некои одредби од договорот

290320121186____904117477ПРОДОЛЖУВА СОРАБОТКАТА ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА

Билатералната соработка меѓу нашата Република и Република Албанија се изразува на повеќе релации.
Како резултат на една таква воспопставена соработка, во 2011 год. се одржа првиот круг на преговори за склучување на Договор за социјално осигурување меѓу двете земји.
Потоа, се реализира и посета на наша делегација во Албанија.
Така, од 27 до 29 март 2012 година, во Тирана, се одржа вториот круг на преговори меѓу македонската и албанска делегација, на кои се разгледа нацрт – текстот на Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Албанија.
Во македонската делегација на вториот круг на билатералните преговори за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Албанија беа: Ирена Ристеска од Министерството за труд и социјална политика, шеф на делегацијата, како и Даниела Божиноска, советник во Министерството за труд и социјална политика. Во делегацијата од Фондот на ПИОМ беа: Ниѓар Тоска, советник на директорот и Милица Симоноска, координатор во Секторот за меѓународни договори. Во македонската делегација беа уште и: Адис Алигега, советник во Министерството за здравство, Аритон Фида, директор на Секторот за меѓународни договори во Фондот за здравствено осигурување и Михајло Костовски, советник во Министерството за здравство.
Албанската делегација на билатералните договори ја сочинуваа: Филорета Кодра, шеф на делегацијата, заменик министер за труд, социјална политика и еднакви можности, Астрид Кука, правен директор и Диана Беќири, раководител на Секторот за социјално осигурување, сите од Министерството за труд и социјална политика и еднакви можности, потоа Сабах Гоци, советник на директорот на Институтот за социјално осигурување на Албанија, Вулнет Садуши, раководител во Секторот за придонеси, Дориан Гермењи, специјалист, Артан Кодели, правен директор и Фиорабла Мемиа, раководител на правен сектор, сите од Институтот за здравствена грижа и осигурување на Албанија, како и Јонида Мете, претставник од Министерството за здравство и Заим Бајрактари, претставник од Министерството за финансии.
Во текот на преговорите двете делегации меѓусебно се информираа во врска со законодавството од областа на пензиското и инвалидското осигурување и здравственото осигурување.
Врз основа на записникот од 19 мај 2011 година, потпишан во Скопје, Република Македонија, се разгледаа и дискутираа начелно и поединечно отворените прашања во секој член од договорот.
Како резултат на тоа, за отворените прашања од записникот се направија потребните дополнувања и појаснувања, но повторно за некои посебни прашања не се постигна согласност.
На преговорите беа разгледани одредбите до член 34 од предложениот нацрт – текст на договорот.
На крај на преговорите, беше договорено идната средба да се одржи во последниот квартал од 2012 година во Скопје. Датумот на следната средба ќе биде договорен по дипломатски пат.
Да го истакнеме уште и ова, дека преговорите се водеа во пријателска и срдечна атмосфера на взаемна соработка меѓу двете делегации.