• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Претставена нашата пензиска реформа

SOSTANOK_SO_SIGMA__26.01.2012_053____999927951Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, на 26 јануари о.г., го посетија претставници од Европската комисија во Република Македонија, кои остварија средба со Менаџерскиот тим на Фондот.

Присутните ги поздрави директорот на Фондот на ПИОМ, господинот Беким Незири, кој на гостите им ја претстави организационата поставеност во Фондот, како и соработката на нашата институција со Владата на РМ, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии. Тој истакна дека Фондот на ПИОМ е секогаш отворен за соработка, и подготвен да одговара на поставени прашања и да прифаќа стручни совети и препораки, сè во интерес на унапредување на неговата работа.
Целта на престојот на претставниците на Европската комисија во нашата држава е, да извршат оценка на состојбите, меѓудругото и од областа на пензискиот систем во Република Македонија, и да дадат свои мислења, предлози и соодветни препораки до Владата и Европската комисија во Република Македонија.
На средбата се расправаше за спроведувањето на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, посебно во делот на трошењето на јавните расходи, а беа поставени и други прашања во врска со работата на Фондот на ПИОМ.
Консултантите, пред сè, се интересираа за финансиското работење на Фондот, наплатата на придонесите, внатрешната ревизија, справувањето со корупцијата и сл., за што добија стручни и компетентни одговори од вработените во Фондот на ПИОМ.