• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Практиката ја потврди ефикасноста и квалитетот

SlikaNova_352242852На 12 декември 2011 година, се одржа прес-конференција за претставниците на печатените и електронски медиуми. Целта беше македонската јавност да се запознае со согледувањата и резултатите од спроведувањето на проектот „Портокалов плик“ од страна на Министерството за труд и социјална политика и Фондот на ПИОМ.

Како што е познато, од средината на октомври 2011 година започна да се имплементира проектот за известување на осигурениците за состојбата со евидентираниот пензиски стаж и плати во матичната евиденција на Фондот на ПИОМ.

На средбата со новинарите од информативните гласила, министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, во своето обраќање истакна дека проектот наречен „Портокалов плик“ започна со доставување на известувања до осигурениците кои се евидентирани во осигурување во пет града, и тоа: Кавадарци, Струга, Македонски Брод, Валандово и Неготино, со што беа опфатени 28.967 осигуреници.

Според направените анализи од реализацијата на овој проект се утврди дека од вкупно доставените известувања, над 6200 или 21% од вкупно известените осигуреници се јавиле или директно се обратиле во соодветната филијала на Фондот на ПИОМ за комплетирање на податоците за стаж и плати, нагласи министерот Ристовски. Од овој број, за 4000 осигуреници или 65%, на лице место било извршено разрешување на некомплетноста на податоците за стаж и плати што укажува дека услугата од страна на филијалите на Фондот на ПИОМ е ефикасна и квалитетна, подвлече тој.

Што се однесува за останатите 35% или 2200 осигуреници, потребна била дополнителна постапка за комплетирање на стажот на осигурување и платите, поради тоа што се однесува за пензиски стаж навршен во друга држава или пак, во правен субјект којшто веќе не постои. Во овие случаи, филијалите на Фондот на ПИОМ по службена должност преку размена на податоци со други институции и органи на други држави, ги завршуваат постапките со што се овозможува навремено комплетирање на податоците од областа на социјалното осигурување, истакна во својата реч пред новинарите министерот Спиро Ристовски.

Во продолжение на своето искажување пред новинарите министерот за труд и социјална политика, потенцира дека основната цела на овој проект е подигнувањето на свеста на осигурениците за правото на запознавање со податоците за пензискиот стаж и плати остварени за време на осигурувањето. Преку рекациите на осигурениците по добиените известувања, директно или по електронски пат, се утврди дека ваквиот начин на информирање им овозможува навремено запознавање со личните податоци од кои зависи идната пензија што ќе ја остварат. Според доставените извештаи од филијалите на Фондот на ПИОМ евидентно е задоволството на осигурениците за оваа наша активност и доставувањето на податоците на домашните адреси.

Што треба да се очекува во оваа 2012 година со проектот „Портокалов плик“?

Според министерот Спиро Ристовски, во наредната 2012 година почнувајќи од април, Фондот на ПИОМ ќе продолжи со реализиација на овој проект и ќе доставува известувања за состојбите со пензиски стаж и плати до осигурениците од сите градови на Република Македонија, односно за околу 460.000 осигуреници. Исто така, до крајот на 2012 година ќе се овозможи и електронски пристап на секој заинтересиран осигуреник за увид во состојбата со сопствениот пензиски стаж и платите, а тоа значи поефикасен пристап до личните податоци од една, и поекономичен начин за известување на граѓаните, од друга страна.

Но, она што треба посебно да се истакне дека една од програмските цели на Владата на Република Македонија е олеснување на пристапот на граѓаните до институциите со што се подигнува ефикасноста на јавната администрација. Преку овој проект се овозможува навремено информирање на осигурениците за состојбата со стажот и платите врз основа на коишто ќе ги остваруваат правата од пензиското и инвалидското осигурување, како и ефективно учество на институциите во комплетирањето на тие податоци, рече тој. На овој начин покажуваме дека јавната администрација е сервис на граѓаните во обезбедувањето на социјалната сигурност.

За успешна реализација пак, на пилот-проектот „Портокалов проект“ во Фондот на ПИОМ, навреме беа извршени соодветни подготовки, кои се разбира, како што покажаа резултатите, вродија со плод. Имено, проектот започна со спроведување на пилот фазата од 17 до 25 октомври 2011 година. Во тој период беа доставени портокалови плика до 28.967 осигуреници во градовите Кавадарци (10.753), Струга (9.458), Македонски Брод (1.132), Валандово (2.733) и Неготино (4.891).
По првиот месец од реализацијата на пилот проектот, според планираните задачи на Фондот на ПИОМ направена е евалуација на проектот и тоа врз два основа: според извештаите доставени од филијалите и деловниците на Фондот и според испитувањето на јавното мислење преку две фокус групи во Кавадарци и Струга.

Анализите го покажуваат следното: заклучно со 25 ноември 2011 година од вкупниот број доставени податоци во портокалови плика во петте филијали и деловници на Фондот се јавија 6.076 граѓани или 21% од вкупниот број, кои најчесто поставувале прашања околу комплетирањето на податоците за стажот на осигурување. Исто така, од вкупно 6.076 граѓани кои се обратиле до филијалите и деловниците на ПИОМ со барање за утврдување на стажот 3.941 веднаш се разрешени или утврдени, односно 65% што зборува за брзата и квалитетна услуга во филијалите и деловниците, додека само 177 граѓани се јавиле дека не добиле портокалов плик. Причина за недобивањето на портокалови пликови е непоседувањето на точни адресни податоци за кои во моментот на нивното јавување во филијалите и деловниците беше обезбедена можност веднаш да им се излистаат податоци од портокалов плик.

Но, затоа пак, од доставените извештаи од филијалите и деловниците наведено е дека сите реакции на граѓаните биле позитивни, а испитувањето на јавното мислење преку фокус групите покажа дека граѓаните се задоволни од оваа активност на Фондот на ПИОМ и доставувањето на податоците на нивните домашни адреси. Треба да се истакне и задоволството што е изразено од изгледот, формата и содржината на портокаловиот плик како и личното доставување, при што е констатирано зголемување на свесноста на граѓаните дека нивното право за остварување право на пензија зависи од уредно документираните обврски за платени придонеси.

Се покажа дека портокаловиот плик ги мотивира граѓаните да преземат одговорност и активност околу средување на стажот за осигурување, потврдувајќи го фактот дека овој модел за комуникација со граѓаните има потенцијал да ја зголеми сигурноста во системот преку информирање за висината на пензијата. Доколку кон ова се додадат и информациите за зголемувањето на пензијата за секоја дополнителна година, моделот за комуникација може да влијае и на одржливоста на пензискиот систем, со исчекор дека во наредниот период писмената информација ќе биде овозможена и по електронски пат.