Почнувајќи од 25 ноември 2011 година Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија започна со нов вид комуникација со граѓаните, преку одржување на отворени денови на Фондот, за средби со граѓаните.
На овие средби се разговара за прашања од интерес на граѓаните, а се поврзани со пензиското и инвалидско осигурување. Се оценува дека со овој вид на комуникација, Фондот како институција каде се остваруваат права од пензиското и инвалидско осигурување, очекува да се доближи уште повеќе и да биде непосредно со граѓаните.
Вклучувајќи се во проектот на Владата на РМ “Граѓанинот на прво место”, преку овие средби, Фондот овозможи, наместо граѓанинот да дојде во институцијата, институцијата доаѓа кај граѓанинот и низ непосреден дијалог ќе се надминуваат сите отворени прашања поврзани со пензиските права.
Вакви средби планирани се секој месец низ градовите во Република Македонија. За темите и одржувањето на средбите граѓаните се информираат однапред преку медиумите.
Првата ваква средба се одржа во Битола каде што на граѓаните им се даде стручна помош и одговори за побрзо и поефикасно остварување на правата што произлегуваат од пензиското инвалидско осигурување, доколку имаат навршено стаж во друга држава.
Бидејќи најновите склучени билатералните меѓународни договори за социјално осигурување на Република Македонија се со Австралија и Канада и нивната примена започна од оваа година, најголемиот број прашања од граѓаните беа во врска со остварувањето на права од овие држави.
Исто така, голем дел од прашањата се однесуваат и на остварувањето на права за пензиско и инвалидско осигурување од европските земји со кои Република Македонија има склучено договори.
Ваквиот вид на средби и давањето на иституционална стручна помош од присутните граѓани беше оценета многу позитивно со изразена желба за почести вакви средби и за други прашање кои ќе бидат од нивен интерес.
Заклучно со ноември, во Филијалата во Битола се поднесени 821 барање за остварување право на пензија од Австралија.