• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Одржана тркалезна маса посветена на меѓународните договори за социјално осигурување

TRKALEZNA_MASA__18.10.2011_120____558226582Фондот на ПИОМ ќе организира средби во седум градови за појаснување на постапката за остварување на странска пензија.

На 18 октомври, годинава, во организација на Министерството за труд и социјална политика, се одржа тркалезна маса на тема: „Меѓународни договори за социјално осигурување“. На истата, се дискутираше за меѓународни договори на Република Македонија со повеќе држави за социјално осигурување, нивната примена и идните активности во врска со склучувањето нови договори.

На тркалезната маса, покрај Ирена Ристеска од Министерството за труд и социјална политика и директорот на Фондот на ПИОМ, Исни Јакупи, присуствуваа и претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, Драги Аргировски, претставник на Агенцијата за иселеништво, претставници од Министерството за надворешни работи, како и пензионерот Спиро Божиновски, кој го искажа своето лично искуство во остварувањето на пензија од Австралија, согласно склучениот Договор за социјално осигурување.

Претставникот од Министерството за труд и социјална политика, Ирена Ристеска, истакна дека расправата на оваа тема претставува иницијатива за унапредување на пристапот до социјалните права на граѓаните, од една страна, и обврските што произлегуваат од нив, а треба да се спроведат, од друга страна.

Преку примената на договорите за социјално осигурување се овозможува еднаков третман на лицата на кои истите се применуваат, пензиското и инвалидско осигурување, здравственото осигурување, осигурувањето во случај на невработеност, детскиот додаток и осигурувањето во случај на повреда на работа и професионална болест, а се избегнува и двојното осигурување по однос на истата работа што ја врши работникот.

Од досегашната примена на билатералните договори за социјално осигурување, досега веќе 35.000 граѓани користат пензии од друга држава, од кои околу 13.000 користат пензија од Германија. Ако се земе предвид вкупниот број на корисници на пензија во Република Македонија којшто изнесува 280.154, странските пензии претставуваат 12%, информираа од Министерството за труд и социјална политика.

И во оваа прилика треба да се истакне дека, од своето осамостојување, Република Македонија има склучено договори за социјално осигурување со 18 држави и тоа: Австрија, Швајцарија, Германија, Чешка, Полска, Луксембург, Холандија, Белгија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Турција, Црна Гора, Австралија и Канада, а во постапка на ратификација е Договорот за социјално осигурување со Кралството Данска.

Владата на Република Македонија во своите програмски активности посебно место посветува на билатералното уредување на социјалното осигурување. Така, во наредниот период ќе се иницираат преговори за склучување на договори за социјално осигурување со Норвешка, Шпанија, Словачка,Узбекистан и Обединетите Арапски Емирати, како и завршување на веќе започнатите преговори со Албанија.

Во своето обраќање пред присутните, директорот на Фондот на ПИОМ, Исни Јакупи, истакна дека Фондот на ПИОМ во најскоро време ќе почне со организирање средби со граѓаните, со цел приближување на пензиското осигурување според меѓународни договори и условите за остварување права со странски стаж, на кои Стручната служба на Фондот ќе им дава појаснувања и стручни совети за целокупната постапка за остварување на овие права. Ваквите регионални средби кои ќе придонесат за скратување на постапката за решавање на правата, се планира да се одржат во Битола, Гостивар, Тетово, Струга, Кочани, Делчево и Скопје, за што граѓаните благовремено ќе бидат известени.

Една од функциите на Фондот на ПИОМ е спроведување на билатералните меѓународни договори за социјално осигурување, при што тој се јавува како орган за врска кој посредува при остварувањето на правата од ПИО на осигурениците кои оствариле пензиски стаж во друга држава. Фондот, исто така, посветува големо внимание и на брзината при решавањето на барањата и запазување на законски утврдените рокови, информира директорот И.Јакупи.

– Сите склучени билатерални меѓународни договори, без исклучок, покрај останатите прашања од пензиското и инвалидско осигурување, на одреден начин го регулираат и прашањето на меѓусебниот трансфер на пензиите од едната и другата држава. Тоа значи дека за државите кои имаат склучени меѓународни договори постои обврска за исплата на пензијата во земјата чие државјанство носат корисниците ако таму постојано живеат. Фондот на ПИОМ врши и исплата на пензии во странство на странски државјанин, во земјата чиј е државјанин со постоење на реципроцитет, ако со таа земја не е склучен договор за социјално осигурување, односно ако двете држави меѓусебно признаваат право на трансфер, рече директорот Исни Јакупи.

На тркалезната маса се дебатираше и за примената на договорите за социјално осигурување, со посебен акцент на оние од прекуокеанските држави, Австралија и Канада. До сега, околу 2000 барања се процесуирани за остварување на правото на австралиска пензија, а уште 12000 барања се очекуваат да пристигнат за остварување пензија од Канада.