• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Задоволни од добиеното – да продолжат напорите

SUC34625____289481747ОД ПОСЕТАТА НА ПРЕМИЕРОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ НА ПЕНЗИОНЕРСКИОТ ДОМ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Непобитен факт е дека пензиите се зголемени за 34 проценти, додека за оние од трета категорија изнесува дури 41 процент. Побарано и годинава да има бесплатно бањско лекување и можност за уште еден ден во неделата – за бесплатно возење во ЈСП

На 8 јануари 2011 година, претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, во придружба на Џељал Бајрами, министер за труд и социјална политика и Исни Јакупи, директор на Фондот на ПИОМ, го посетија Домот на пензионерите „Јане Сандански“ во Општина Аеродром.

При оваа посета, во нивна придружба уште беа и Спиро Ристовски, заменик министер, а од Фондот на ПИОМ Марија Којзеклиска, заменик директор, потоа Хамди Мустафа и Трајко Премчески, помошници на директорот, Љубен Вељаноски, началник на Одделението за стопанисување со имотот на Фондот на ПИОМ и општествен стандард на корисниците на пензија и Башким Амети, шеф на Кабинетот на директорот.

Исто така, на средбата-разговор присуствуваа Вељан Стојковски, управител на Домот на пензионерите, Крсте Ангеловски, претседател на Здружението на пензионерите на град Скопје и Павле Спасов, претседател на Здружението на пензионерите од Општина Центар.

Во оваа прилика, премиерот Никола Груевски посети неколку соби, а потоа во салата на објектот, водеше непосреден и срдечен разговор со станарите на Домот за пензионери „Јане Сандански“ од населбата Аеродром. Тие во своите искажувања беа задоволни и единствени дека е многу направено за подобрувањето на нивниот стандард, за што сведочат неколкуте зголемувања на пензиите (за 34 проценти, а за оние од трета категорија дури и 41 процент), како и почнувањето со проектот за бесплатно бањско лекување на одредена категорија пензионери (што почна да се реализира од минатата година) и еден ден бесплатно возење во градскиот сообраќај во Скопје. Во разговорот пак, со раководството на Домот беше поставено и прашањето за довршувањето на адаптацијата на овој објект во останатиот дел во наредниот период…

Одговарајќи на прашањата премиерот Никола Груевски истакна дека оваа Влада вложува максимални напори стандардот на пензионерите постојано да се подобрува и дека со исто темпо ќе продолжи да го прави тоа и во наредниот период, потенцирајќи дека и во 2011 година, ќе продолжи проектот за бесплатно бањско лекување на категоријата пензионери со ниска пензија. За ова, како што нагласи тој, издвоени се средства во овогодишниот буџет, додека за зголемувањето за уште еден ден за бесплатен превоз во скопскиот градски сообраќај, вети дека ќе разговара со градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, со цел да се испита можноста и да се задоволи и ова барање на пензионерите. Според расположливите средства, ќе се вложат напори исто така, доколку е можно, да се доврши реконструкцијата на објектот, им ветил премиерот Никола Груевски, потенцирајќи дека неминовно е рационално и одговорно трошење на средствата за секоја намена.

Настанот беше следен со интерес од средствата за јавно информирање (печатени и електронски изданија), кои објавија повеќе информации…