• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Несебично искажана хуманост

KRVODARITELSKA_AKCIJA__22.12.2010_062____184376150Овој пат 25 вработени даруваа крв, искажувајќи ја со тоа високата свест за хуманост и желба да се спаси човечки живот

На 22 декември 2010 год., во Фондот на ПИОМ е спроведена акција за дарување крв. Оваа трета по ред крводарителска акција во нашиот Фонд беше организирана од Црвениот крст на Општина Кисела Вода – Скопје, а спроведена во соработка со Службата за трансфузиологија при Градската болница „Св. Наум Охридски“ – Скопје.

Акцијата наиде на голем одзив кај вработените, при што од пријавените крв даруваа 25, а 10 дарители беа вратени поради здравствени причини (слабокрвност, низок крвен притисок и сл.). Секој од крводарителите доби оброк и два слободни дена.

Треба да истакнеме дека оваа крводарителска акција беше планирана за реализација, како дел од програмските активности на Организацијата на Црвениот крст во Кисела Вода во 2010 год. И, овој пат, хуманитарната акција за „дарување живот“ беше организирана и спроведена успешно, што е потврда дека секогаш во Фондот на ПИОМ, на ваквите зафати им се приоѓа организирано и со целосна одговорност.

Програмскиот координатор на Црвениот крст од Кисела Вода, Ружа Андоновска, ја оцени крводарителската акција во Фондот на ПИОМ за многу успешна, со желба истата и во иднина да продолжи, сè со цел афирмација на хуманоста на вработените во нашиот Фонд. Таа, исто така, посочи дека свеста кај нашите вработени за дарување крв постојано расте. Но, и потсети дека би требало да се покрене иницијатива за формирање Организација на Црвениот крст во Фондот на ПИОМ.