• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Иницијатива за нов начин на размена на податоците

Одржан работен состанок за електронска размена на податоците за корисниците на пензија според меѓународните договори за социјално осигурување склучени со републиките од поранешна Југославија, сега самостојни држави

На 15 декември 2010 година во Загреб, се одржа состанок за електронска размена на податоците во делот на решавање на правата од пензиското и инвалидско осигурување. Иницијативата за одржување на овој прв од ваков вид состаноци, меѓу републиките на поранешна Југославија, сега самостојни држави, произлезе од средбата на директорите на фондовите и заводите за пензиско и инвалидско осигурување одржана кон крајот на септември 2010 год. во Љубљана. На средбата присуствуваа претставници од сите фондови и заводи од републиките на поранешна Југославија: Хрватска, Македонија, Словенија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Република Српска, од секторите за остварување на правата од пензиското и инвалидско осигурување, меѓународните договори како и секторите за информатика.

Од Фондот на ПИОМ присуствуваа: Ниѓар Тоска, советник на директорот, Атанас Манчев, помошник директор на Секторот за информатичка технологија и Јадранка Јовановска, началник на Одделението за матична евиденција. Состанокот го отворија Лилјана Марковиќ, помошник директор за спроведување на меѓународните договори за социјално осигурување и Невен Спетиќ, раководител во секторот за остварување на правата од пензиското осигурување и детски додаток, кои ја образложија потребата и исклучителната важност за одржување на состанокот, преку разговор да се дефинираат целите и задачите за разрешување на актуелните проблеми во исплатата на пензиите според билатералните договори за социјално осигурување.

На почетокот се постави прашањето за постоење законска регулатива за заштита на личните податоци, како основа за електронска размена на податоците. На состанокот се постави и прашањето за обезбедување услови за размена на податоците, со посебен осврт кон основните заеднички идентификатори, фондот на податоци кои треба да се разменуваат, потоа дефинирање на целта за размената заради спречување на неоснована исплата на пензиите во другата држава – договорничка. Учесниците на состанокот заклучија дека за електронска размена на податоците е неопходен еден заеднички идентификационен број преку кој лесно ќе се врши пребарување и препознавање на критичните случаи за исплата на пензиите.

Присутните се согласија дека најважен и прв чекор во реализација на електронската размена на податоците е претходно секоја држава да ја анализира и утврди правната рамка за размена на податоците. Потоа е договорено, сите фондови/заводи до 31 јануари да ги искажат своите согледувања по основ на правната рамка, целните групи, дефинирање на фондот на податоците, критериумите за контрола како и кругот на корисници според меѓународните договори или исплатата на пензиите во друга земја. Македонската делегација предложи на следниот состанок поконкретно да се договори партнер за пилот-проектот за електронска размена на податоците, што со задоволство беше прифатен од присутните.

На крајот, беше договорено сите податоци и донесени предлози да се достават до Српскиот републички фонд за пензиско и инвалидско осигурување кој ќе биде домаќин на идната средба планирана да се одржи во текот на март 2011 година.