На 19 ноември, се одржа масовното пошумување на територијата на Република Македонија – под мотото „Засади ја својата иднина“ од традиционалната акција Ден на дрвото.
Во акцијата, како што е познато, учествуваа повеќе илјади младинци, средношколци, основци и вработени во фирми и институции, кои засадија 7 милиони садници од зимзелени и листопадни видови дрвја и грмушки.
За одбележување е дека ваквиот зафат беше реализиран и во дворот на Фондот на ПИОМ, а акцијата ја следеше директорот Исни Јакупи со свои соработници. Беа засадени повеќегодишни видови украсни дрвја, како дел од хортикултурното уредување на околината. Се очекува со нивното засадување и растење знатно да се оплемени околината околу нашиот Фонд, што значи и разубавување на пејсажот, но и подобрување на воздухот и биодиверзитетот во околината…