Преговори за склучување Договор за социјално осигурување помеѓу Република Македонија и Република Италија
На 29 и 30 ноември и 1 декември 2010 година во Рим се одржа првиот круг на преговори помеѓу делегациите на Република Макекдонија и Република Италија. Целта на преговорите беше да се склучи Договор за социјално осигурување, кој што ќе ја замени досегашната Конвенција меѓу Република Италија и Народна Федеративна Република Југославија. Оваа Конвенција е потпишана на 14 ноември во сега веќе далечната 1957 год. и истата во целина е надмината поради промените што настанаа со текот на времето. На овие преговори двете страни заеднички го усогласија и го парафираа текстот на Договорот. Документот спаѓа во редот на т.н. отворени договори, односно современи европски договори бидејќи се однесува на лица, а не на државјани на двете држави договорнички. Договорот се применува на следното законодавство: Задолжително пензиско и инвалидско осигурување (старост, инвалидност и смрт), здравствено осигурување, здравствена заштита и мајчинство, повреда на работа и професионална болест, осигурување во случај на невработеност и детскиот додаток. Од областа на пензиското и инвалидско осигурување пак, со Договорот е предвидено: Остварување право на пензија без собирање на стаж, односно само со стажот навршен во едната држава договорничка, доколку се исполнети условите за самостојна пензија, потоа остварување пензија со собирање на стажот од двете држави договорнички, доколку не се исполнети условите само со стажот од едната држава договорничка (сразмерен дел на пензија) и пензиски стаж помалку од 12 месеци го засметува на свој товар другата држава договорничка како да е навршен на нејзина територија. Од погорното произлегува дека со примената на Договорот ќе се овозможи усогласување на националните законодавства, еднаков третман на лицата на кои се применува договорот, здравствена заштита, болест и мајчинство, собирање на периодите на осигурување, одредби за давања во натура и парични давања и др. Треба да се истакне и фактот дека Договорот за социјално осигурување ќе се применува за сите оние лица кои во Република Македонија или Република Италија навршиле периоди на осигурување за остварување право на самостојна старосна пензија кога лицето ги исполнува условите за право на давање-пензија според законодавството на едната држава договорничка. Исто така, овој Договор има и супсидијарна примена, бидејќи се уредува и право на сразмерно давање-пензија со собирање на периодите на осигурување и периодите на живеење во Република Италија во текот на работниот век, кога подносителот на барање не исполнува услови за самостојно давање според прописите на едната договорна страна. На крајот да истакнеме дека со Договорот се уредени одредби со кои се обезбедуваат работодавачите и работниците кои подлежат на законодавството на Република Македонија или Република Италија да не се должни да плаќаат двојно осигурување според законодавството на двете држави по однос на истата работа што ја врши работникот. Исто така, се уредени и правилата на осигурување на определени исклучоци, продложување на деташмантот, работа на брод, авион или друг меѓународен транспорт. И во оваа прилика ќе истакнеме дека од своето осамостојување како држава Република Македонија има склучено и ги применува договорите за социјално осигурување со уште 14 држави: Австрија, Швајцарија, Германија, Чешка, Полска, Луксембург, Белгија, Холандија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Турција. Во постапка на ратификација се и договорите за социјално осигурување со Канада, Австралија и Данска.