Во изминатиот период, нашиот Управен одбор одржа седум седници, на кои се расправаше за повеќе актуелни прашања и беа донесени соодветни одлуки.

Така, на Осмата седница на нашиот УО, што се одржа на 23 април 2015 година, членовите на УО, расправаа по следните точки од дневниот ред: Извештај за работата на Фондот на ПИОМ во 2014 година, потоа донесување на Одлука за продажба на акциите на Фондот на ПИОМ на јавна берзанска аукција и на Одлука за издавање деловен простор под закуп за период подолг од две години. На седницата беа разгледани и Правилникот за технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци на Фондот на ПИОМ, како и Информација за спроведените препораки од извршените ревизии од страна на Одделението за внатрешна ревизија за периодот од јануари до декември 2014 година и уште Информацијата за реализација на проектот „Прегледи за стаж и плата за осигурениците.
За работата на Фондот на ПИОМ во 2014 година, зборуваше директорот Амет Даути, кој потсети дека ваков извештај се изработува секоја година според одредени параметри согласно податоците дадени од стручните служби и нагласи дека сите тие податоци изнесени во извештајот се релеванти и точни, а сите дополнителни детали и статистички податоци се вградени.
Во дискусијата, претседателката на УО Јасмина Иванова, подвлече дека е задоволна како е постапено по забелешките и дека тие се однесувале на табеларни и статистички податоци, додека членот на УО, Драги Аргировски, рече дека Ивештајот за работата на Фондот во 2014 год. е сеопфатен, при што од табеларните податоци може да се види неговата успешна работа во минатата година и дека на сите полиња се постигнати резултати. И, Живко Митревски во својата дискусија истакна дека иако се работело во исклучително тешки и сложени услови, сепак резултати се покажани, нагласувајќи дека пензискиот систем се одржува во финансиска кондиција, а целите исцело се постигнати.
На седницата стана збор и за Одлуката за продажба на акциите на Фондот на ПИОМ на јавна берзанска аукција, за што образложение даде помошник директорот Ајредин Амзаи, кој истакна дека има законски основ за носење на една ваква одлука од страна на Управниот одбор. На донесувањето на оваа Одлука, претходно бил усвоен Предлогот од Комисјата за акции и удели. Освен тоа, пред да се пристапи кон продажбата побарано е да се добие и согласност од Владата на РМ, затоа што е ова од особена важност, бидејќи во Буџетот на Фондот за оваа година ќе бидат остварени 50 милиони денари од продажбата на акциите, со што ќе се подобри вкупната финансиска состојба. Притоа, директорот, Амет Даути, појасни дека сега се отстранети пречките поради кои овие акции досега, сѐ уште не биле продавани, а дека со оваа одлука тоа целосно се овозможува.
Издавањето на просторот во објектите во сопственост на Фондот, и досега го отворало прашањето за должината на издадениот закупен временски период. Имено, кратките рокови на 3, па и 5 години, го наложи прашањето за негово продолжување. Директорот на Фондот, Амет Даути, истакна мислење зошто е неопходно да се склучи договор на 10 години за издавање на просторот под закуп – кирија. Првенствено е тоа што на овој начин Фондот добива гаранција дека ќе добие инвеститор, од кого ќе може да зема кирија, а по истекот на договорот ќе има нови услови и околности, кои ќе покажат каква ќе биде цената. Со малиот рок, Фондот се става во ризик никој да не прифати кирија за период од 3, или 5 години, а по истекот да не биде продолжен договорот за закуп. Со ова се дава можност за издавање на 10 години да се добие трајна добивка, а инвеститорот истовремено би бил санкциониран доколку не се придржува до договорот. Во дискусијата учествуваше и членот на УО Живко Митревски, кој апелираше добро да се промисли рокот за издавање, спомнувајќи сличен таков случај во неговата институција, каде објект бил издаден на 10 години и потенцира дека во ваков случај потреба да се пресмета колкава ќе биде амортизацијата на објектот во однос на инвестицијата за толкав временски период, предлагајќи рокот на издавање да биде 6 или 7 години. Директорот на Фондот истакна дека состојбата со објектот во Куманово е крајно лоша и дека е вистинска руина која никој не ја одржува или обезбедува, а Фондот не може да го прави тоа, затоа е потребна многу добра инвестиција, потенцира тој. По повод ова мошне актуелно, но и отворено прашање за закупот, Управниот одбор заедно со менаџерскиот тим водеа исцрпна дискусија и беа покренати бројни дилеми кои беа пресудни во утврдувањето на конечниот заклучок. По исцрпувањето на дискусијата, претседателката Јасмина Иванова предложи во одлуката да биде даден рок од 7 години за да се види прво заинтерсираноста, а доколку таа е мала, ќе се размислува за зголемување на годините за закуп. Исто така, таа додаде во образложението на одлуката да стои реченицата: „дејноста на закупецот нема да ја попречува дејноста на пензионерскиот дом“. Предложената одлука, членовите на УО на Фондот на ПИОМ, едногласно, ја донесоа со определба издавањето на деловниот простор под закуп да биде за период од 7 години.
Следната точка по која се расправаше на самата седница на УО, беше Предлог-правилникот за технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци на Фондот на ПИОМ. Воведно образложение по оваа точка поднесе помошник директорот Трајко Премчески, кој истакна дека претходниот ваков правилник е донесен во 2010 година, а во меѓувреме дојдено е до измена на Законот за заштита на личните податоци, со кои новиот правилник е усогласен со одребите од законот. Добиено е и мислење од Дирекцијата за заштита на личните податоци и вградени се сите елементи за начинот на заштита, чувањето и пристапот кон личните податоци. Исто така, тој истакна дека во Правилникот се обработени сите нивоа на технички и организациони мерки, а е регулиран и начинот на заштита на информацискиот систем и софтверот. Обработен е и начинот на добивање на кориснички број, како се употребува истиот и како се влегува во системот, што се вградени како мерки за заштита на личните податоци во нашиот Правилник. Оттука, целта на донесувањето на Правилникот се состои во тоа што во случај на контрола од страна на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Фондот на ПИОМ ќе ги има изработено подзаконските акти, заврши Премчески.
Меѓутоа, она што посебно треба да се потенцира, е фактот дека во нашиот Фонд, во изминатиот период беа реализирани десетина многу значајни проекти,кои придонесоа за модернизација во работата, максимално отворање кон идните пензионери, јакнење на одговорноста во извршувањето на работните задачи и др. Како резултат на тие и такви зафати – проекти, дојде и до реализација на проектот „Прегледи за стаж и плата за осигурениците“. Воведно образложение за овој нов проект во Фондот на ПИОМ, поднесе помошник директорот Атанас Манчев, притоа истакнувајќи дека со Информацијата што е на дневен ред, се прикажува како е реализиран овој зафат кој траел од 15 јануари до 15 февруари 2015 година, а делумно и во март годинава. Прикажано е што се завршило во подготовката и кои резултати се добиени по претходна добиена дозвола од Агенцијата за заштита на личните податоци. Исто така, според помошник директорот Атанас Манчев, паралелено се одвиваат уште два проекти, од кои првиот привршил кон крајот на месец април, со што секој обврзник добил можност преку мобилен уред, лаптоп или домашен компјутер да пристапи до податоците во Фондот и да ги симне своите податоци, со тоа што тие овој пат ќе бидат и електронски потпишани и законски валидни за употреба во која било институција, или само за негово лично информирање. Во дискусијата, директорот Амет Даути, нагласи дека уште при првиот циклус на доставување на податоци за стаж и плата на обврзниците, Фондот на ПИОМ бил пофален од Владата на РМ. Но, Фондот отишол чекор понатаму со комплетна анализа на податоците за стаж и плата уште од 2006 година па досега. Даути искажа задоволство дека тој процент на обработка, во вториот планиран циклус ќе биде уште повисoк и ќе бидат опфатени уште повеќе осигуреници. Во продолжение на седницата на УО, директорот на Фондот информираше дека преку наше интерно тестирање е утврдено дека наскоро Фондот ќе може да се пофали пред јавноста дека е подготвен да го започне проектот, со кој секој обврзник, преку добивање на корисничко име и лозинка на шалтерите во Фондот, ќе може користејќи безбедна инернет врска, да пристапи до своите податоци за стаж и плата и да ги провери. На овој начин, покрај избегнување на гужвите на шалтер, ќе се осовремени и работењето на Фондот и ќе им се овозможи на обврзниците/осигурениците уште пред да остварат право на пензија, благовремено да реагираат, доколку има потреба од средување на нивните податоци за стажот.
На 21 мај, се одржа Деветтага седница на Управниот одбор на Фондот на ПИОМ, која ја водеше, Јасмина Иванова, претседател на УО на Фондот на ПИОМ. Членовите на УО, расправаа по Предлог-одлуката за давање согласност за службено патување надвор од државата за четворица вработени од Фондот, потоа по Предлог-одлуката за продажба на акциите на Фондот на ПИОМ издадени од Фабриката за заварени цевки и профили „11 Октомври“ АД – Куманово, за Предлог-одлуката за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на Фондот во 2015 година и Предлог-одлуката за одредување на нови адреси на филијалите и деловниците на Фондот на ПИОМ.
Што се однесува до Предлог-одлуката за продажба на акциите на Фондот на ПИОМ издадени од Фабриката за заварени цевки и профили „11 Октомври“ АД – Куманово, помошникот на директорот Ајредин Амзаи, рече дека износот на акциите кои ги посeдува Фондот во фабриката изнесуваат 28.380 приоритетни кумулативни акции со номинална вредност од 51,13 ЕУР за една акција. Согласно Одлуката на УО на Фондот од 20 јануари во 2015 година, акциите и покрај тоа што беа нудени во два наврати, за жал, не беа продадени. Комисијата за хартии од вредност донесе Решение од 11 мај годинава, со кое на Друштвото за градежништво и трговија Квалитет-Пром дооел увоз–извоз Куманово му издава дозвола да даде понуда за преземање на сите акции на ФЗЦ „11 Октомври“–АД Куманово. За таа цел, во Утрински весник и на интернет страната на Македонска берза беше објавена понудата за преземање на сите акции издадени од ФЗЦ „11 Октомври“–АД Куманово. Помошник директорот Амзаи истакна дека со прифаќањето на понудата, Фондот ќе оствари прилив на средства во износ од 15.609.000 денари.
И, за одлуката за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на Фондот во 2015 година, се расправаше на седницата на УО, при што помошникот на директорот Ајредин Амзаи истакна дека Министерството за финансии даде одобрение за пренамена на средства, со цел да се да изврши набавка на возило, во вредност до 1.500.000 денари. Десеттага седница на УО на Фондот на ПИОМ, се одржа на 26 мај годинава, на која членовите имаа само една точка од дневниот ред, а се однесуваше на донесување на Одлука за набавка нa патничко моторно возило за вршење на дејноста на Фондот. Како што беше речено на претходната седница на УО, нашиот Фонд поднесол барање за потреба од набавка на патничко моторно возило за редовно вршење на дејноста со барање за пренамена на средствата во износ од 1.500.000 денари. Пренамената ја одобри Министерството за финансии, потврдувајќи дека новонабавеното возило треба да се купи за 1.500.000 денари, заедно со вклучен ДДВ. Средствата за оваа цел се обезбедени со пренамена од сметката поправки и тековно одржување на сметката – купување на возила предвидени со Буџетот на Фондот за 2015 година, кои средства ќе се заштедат од средствата за поправки и одржување на возилата.
На 8 и 11 јуни годинава, се одржаа Единаесеттата и Дванаесеттата седница на УО, на кои повторно се расправаше во врска со продажбата на акциите на Фондот на ПИОМ издадени од Фабриката за заварени цевки и профили 11 Октомври АД – Куманово.
На Тринаесеттата седница на УО, која се одржа на 29 јуни 2015 година, беа донесени: Буџетот на Фондот на ПИОМ за 2016 година, Стратешкиот план на Фондот на ПИОМ за периодот 2016-2018 година, како и Правилникот за содржината на прегледот на податоци во матичната евиденција на осигурениците, а беа усвоени и информациите за финансиската состојба на Фондот на ПИОМ за периодот јануари-мај 2015 год., за дозначените и исплатените средства за Солидарен фонд за починатите корисници на пензија во периодот јануари-мај 2015 година, како и за членарина за членување во здруженијата на пензионери во периодот јануари-мај 2015 година.
Четиринаесеттата седница на УО се одржа на 14 јули о.г. и на истата беа донесени две одлуки, и тоа за продажба на акциите на Фондот на ПИОМ издадени од Фабриката за заварени цевки и профили 11 Октомври АД – Куманово и за дополнување на Годишниот план за јавни набавки на Фондот во 2015 година, кој согласно Законот за јавни набавки и Законот за изменување и дополнување на Законот за градби, беше дополнет во делот – Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на работи со точка 3 – Изработка, испорака и монтажа на паркинзи за велосипеди.