• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Годишниот извештај – слика на работењето

UPRAVEN_ODBOR__29.4.2013_024____729822831На 29 април годинава, во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија се одржа 132-та седница на Управниот одбор.

Како најважен, беше разгледан Годишниот извештај за работењето на Фондот во 2012 година. Во врска со него, накратко се осврна директорот на Фондот, господинот Беким Незири, истакнувајќи дека работата на Фондот минатата година се манифестираше со воведување на нови процеси и реформи преку носење нови регулативи и акти. Иницирани се промени на неколку закони за позитивно финансиско работење на Фондот, како и заради целосно обезбедување на квалитетни услови на осигурениците и корисниците на пензија. Воедно, констатирана е висока ефективност во наплатата на придонес.
Во своето образложение, се надоврза помошникот на директорот, госпоѓата Соња Бачовска, која детално и со бројки ја поткрепи целосната слика за работењето на Фондот во сите сектори.
Управниот одбор едногласно го усвои Извештајот со позитивна оценка и со поттик и понатаму да се одржува постојното ниво на информатичка опременост, како и тоа на секој можен начин да се зајакнува целосното работење.
Началникот во Фондот, госпоѓата Мирјана Ефремова-Лозановска, ја образложи потребата од носењето на Правилникот за начинот на водење на матичната евиденција во Фондот на ПИОМ и Упатството за единствените методолошки принципи за водење на матичната евиденција. Имено овие акти има потреба да се донесат од страна на Управниот одбор, заради тоа што областа на матичната евиденција е вклучена во новиот Закон на ПИО и во главата 15 од законот наведена е обврската да се изработат и подакти за подетално регулирање, за да не се обременува самиот текст на законот.
По исцрпното образложение на помошникот на директорот Соња Бачовска, во врска со Информација за состојбите со наплатата на заостанатите неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување заклучно до 31.12.2008 година, како и тековните состојби со наплатата на придонесите за изминатата 2012 година, директорот на Фондот Беким Незири, го објасни процесот за носење на Законот за отпис на камата и првичните сознанија и податоци како е тој прифатен и како оди поднесувањето на барањата.
На 132-та седница, исто така, беа едногласно усвоени и Информацијата за состојбата со наплатата на закупнината за издадениот станбен простор во домовите за живеење и клубовите за корисниците на пензија во 2012 година и Информацијата за состојбата со наплатата на закупнината за издадениот деловен простор во домовите за живеење и клубовите за корисниците на пензија минатата година, кои ги образложи началникот, господин Љубен Вељаноски.