На 30 јануари 2013 година се одржа првата седница на Управниот одбор на Фондот на ПИОМ. На седницата, се образложија, со конструктивни дискусии и беа усвоени 9 точки од дневниот ред.
Образложенија поднесоа директорот на Фондот Беким Незири и помошниците директори Соња Бачовска и Трајко Премчески.
Информацијата за извршените продажби на акциите и уделите од вкупниот капитал на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија стекнат по основа на трансформација на претпријатијата со општестевен капитал, со состојба на 31-ви декември 2012 година и Информацијата за реализација за реконструкција и адаптација на деловните објeкти на Фондот на ПИОМ, ги образложи помошникот на директорот Соња Бачовска.
Информацијата во врска со пензиските предмети по разни основи кои се евидентирани во Одделението за правни работи, за кои се превземени процесни дејствија или ќе треба да се превземат, ја образложија заеднички директорот на Фондот Беким Незири и помошникот на директорот Трајко Премчески, осврнувајќи се на сите проблеми, дилеми и можни анализи за соодветно решение на изнајдените пропусти во работењето.
Програмата за реконструкција и адаптација на деловните објекти на Фондот на ПИОМ за 2013 година, заедно со Одлуката за за одобрување на финансиските средства за инвестиционо одржување на деловните објекти на Фондот, ја образложи помошникот на директорот Соња Бачовска.
Сите точки беа едногласно усвоени од страна на Управниот одбор.
Вториот дел од седницата на УО, се однесуваше на информации со предложени заклучоци за дејствување, кои ја претставија тековната состојба на Фондот во друштвата каде поседува акции и удели. Во врска со овие информации, во поголем дел од образложенијата зеде учество директорот Беким Незири, нагласувајќи дека Фондот на ПИОМ, сè повеќе се зацврстува како институција и како дел од системот на државните институции. Директорот Беким Незири апелираше дека присуството на Фондот во оние друштва каде што е акционер, треба уште повеќе да се зацврсти и постави на здрави основи.