На крајот од 2012 година, на 24 декември, се одржа 124-та Седница на Управниот одбор, со што целосно се реализира Програмата за работа на Управниот одбор за претходната година.
На седницата, се разгледуваа десетина точки. Имено, првите три за кои образложение поднесе помошникот на директорот Хамди Мустафа се однесуваа на прилагодување и измени во однос на новиот Закон за пензиско и инвалидско осигурување. Тоа се следните точки: Нацрт-статут на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија; Правилник за начинот и условите за издавање на деловен простор под закуп со кој управува Фондот на ПИОМ и Правилникот за начинот и условите за стекнување со право за доделување на станбен простор под закуп во домовите за живеење на корисниците на пензија со кои управува Фондот на ПИОМ.
Понатаму, помошникот на директорот Соња Бачовска ги образложи Информацијата за дозначените и исплатените средства за солидарен фонд за починатите корисници на пензија во период јануари–ноември 2012 година, Одлуката за висината на благајничкиот максимум и за плаќање со готови пари на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија за 2013 година и Информацијата за исплата на јубилејни награди на вработените во Фондот на ПИОМ.
Помошникот на директорот Хамди Мустафа информираше за тековните состојби со имотот на ФПИОМ, опширно претставени во Информацијата за имотно-правните состојби со имотот на Фондот на ПИОМ.
Помошникот на директорот Атанас Манчев даде воведно образложение за Информацијата за достигнатото ниво на развој на информатичката технологија. Имено, тој истакна дека главните тенденции се однесувааат на поддршката и подобрувањето за имплементирање на проектите на Владата “Едношалтерски систем“ и “Интероперабилност“.
На крајот, директорот на Фондот Беким Незири. образложи четири точки, и тоа: Информацијата во врска со акциите на акционерските друштва каде што Фондот на ПИОМ е акционер, Информацијата за текот на извршените продажби на акциите и уделите од вкупниот капитал на Фондот на ПИОМ стекнат по основа на трансформација на претпријатијата со општествен капитал, Одлуката за мирување на пензиите остварени на незаконски начин и Информацијата во врска со потребата од донесување на Одлука за воспоставување на законска процедура во случаи кога има потреба за плаќање на рати за оштетното побарување.
За сите точки од дневниот ред се водеа конструктивни дискусии, а на прашањата од членовите на Управниот одбор одговараше Менаџерскиот тим. Управниот одбор ги усвои сите точки, заедно со соодветните заклучоци.