• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Иницијатива за унапредување на работата на фондот

UPRAVEN_ODBOR__4.6.2012_069____346090075На 04 јуни 2012 година, во Фондот на ПИОМ се одржа 109-та седница на Управниот одбор.

Дневниот ред на седницата изобилуваше со голем број точки, кои за работа ги утврди Управниот одбор под претседателство на Ацо Стојанов, а во присуство на целиот Менаџерски тим. Забележително место во текот на седницата зазеде Иницијативата за формирање банка од страна на Фондот на ПИОМ за која образложение поднесе директорот на Фондот, Беким Незири. Во образложението Незири истакна дека во услови на реформиран пензиски систем и тенденција за намалување на стапката на придонес, како и намалувањето на најниската основица на која се плаќаат придонесите од 65% на 50% од просечната плата, Фондот се соочува со предизвикот да бара алтерантивни и дополнителни извори на средства. Помошникот на директорот Соња Бачовска со Актуарското оддлелние изготвија анализа за можноста од формирање банка од страна на Фондот. Следејќи ги корисните примери од европските земји и Турција, Фондот, доколку добие согласност од Владата на РМ ќе може да отпочне со реализација на Иницијативата со цел обезбедување дополнителни средства. Имено, Фондот поседува најсофистициран компјутерски систем кој е размрежен низ целата земја, како и голема база на податоци и компетентен стручен кадар. Оценето е дека со минимален трошок има услови да се реализира Иницијативата која очигледно гарантира финансиски успех, а ќе може да се оствари во случај да не отскокнува од мозаикот на глобалната финансиска политика на Владата и откако ќе се реализираат соодветните законски измени-подвлече Незири.
На седницата, беше донесена Одлуката за продажба на акции на Фондот на ПИОМ и беше усвоен Правилникот за начинот на вршење на видео надзор во објектите на Фондот на ПИОМ. Исто така, беа усвоени и Информацијата за разликите помеѓу новиот предлог-закон и постојниот Закон за пензиското и инвалидското осигурување, потоа Информацијата за преземените активности за решавање на заостанатите предмети во Одделението за оцена на работната способност (инвалидските комисии) и Информацијата во врска со имплементацијата на Законот за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа.